Куман го објави спискот на Холандија за СП

Роналд Куман, селектор на холандската фудбалска репрезентација, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство. Опоравениот Мемфис Депај е на списокот, додека најголемо изненадување е отсуството на играчот на Ливерпул, Џереми Фримпонг. Депај беше еден од тројцата играчи кои неодамна се опоравија од повреди, а Куман ги стави на спиското за планетарната смотра. 32-годишниот напаѓач, кој игра за бразилскиот …

Continue Reading

Гореле картони па предизвикале пожар во двор во Шуто Оризари: две лица завршиле во болница

Во СВР Скопје ноќеска во 00:05 било пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија. Сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно …

Continue Reading

85-годишна жена загина во пожар во скопска Пинтија

Утрово во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на …

Continue Reading

Муцунски: Културната дипломатија е сериозен инструмент за градење доверба, партнерства и долгорочно влијание

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, што се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на една држава не се мери само според нејзината големина, економска …

Continue Reading

(Видео) Необичен бивол со фризура на Доналд Трамп спасен од жртвување во последен момент: толку е популарен што интервенирала владата

Албино биволите се ретки во Бангладеш, каде што повеќето говеда се со темна боја, поради што овој примерок особено отскокнуваше за време на врвот на сезоната за продажба на стока за Бајрам, иако токму неговиот прекар најверојатно му го спаси животот. Реткиот албино бивол во Бангладеш, прозван со прекарот „Доналд Трамп“, е спасен од жртвување за Курбан бајрам по интервенција …

Continue Reading

Сомнеж за ебола во Австрија: пациентка во изолација

Жена за која постои сомнение дека е заразена со ебола е хоспитализирана во Горна Австрија откако била примена во болница со симптоми карактеристични за оваа опасна болест. Пациентката се вратила од Уганда само два дена претходно, каде што неодамна се регистрирани случаи на инфекција, поради што австриските здравствени власти веднаш реагирале и ја ставиле во строга изолација, објавува австрискиот „Хојте“. …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата и идентитетот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека води поданичка политика на штета на македонските национални интереси. Според Манасиевски, Филипче е подготвен да оди дотаму што прво би спровел уставни измени, а потоа би прифатил редефинирање на историјата и идентитетот, нарекувајќи го „специјален бугарски пратеник на Румен Радев“. Портпаролот на владејачката партија …

Continue Reading

ЕУ засега нема да назначи претставник за преговори со Русија

Европската унија нема да назначи свој специјален претставник за преговори со Русија до понатамошно известување, а засега, наместо да избира личност, ќе се фокусира на стратешко прашање, пишува агенцијата ДПА повикувајќи се на изјави на високи претставници и дипломати на ЕУ. Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, и водечките членови на Унијата сметаат дека таков чекор засега нема да има …

Continue Reading

Пол Макартни откри како „Битлси“ го добиле името

Музичката легенда Сер Пол Макартни во интервју за „ББС Радио 2“ откри помалку позната приказна за тоа како групата „Битлси“ (The Beatles) го добила своето име, признавајќи дека сè настанало поради едно големо недоразбирање. Тој објасни дека со Џон Ленон биле огромни обожаватели на групата на Бади Холи, „Крикетс“ (The Crickets), чие име целосно погрешно го проtolкувале, мислејќи дека има …

Continue Reading