(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море


momche-chamec-x-screenshot-2026-09-11-213324.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале. Го спасил екипажот на рибарски брод во близина на островот Сент Лоренс, кој ѝ припаѓа на Алјаска и се наоѓа во Беринговото Море, недалеку од рускиот брег, пишува АП.


Тројцата млади момчиња тргнале со чамец во петокот од островот Сент Лоренс, а требало да се вратат до недела наутро. Откако не се вратиле, семејството го пријавило нивното исчезнување во неделата навечер. Американската крајбрежна стража следното утро почнала потрага со авиони и хеликоптери.

Момчето го забележал воздушен екипаж на крајбрежната стража, а го спасил екипажот на рибарскиот брод ‘Нортвест Експлорер’.

На снимката од спасувањето се гледа како екипажот фрла јаже кон момчето и го привлекува неговиот чамец, сè додека не успеале да го извлечат на безбедно.

„Се држел за тој чамец речиси три дена. Тоа е неверојатно издржливо момче“, изјавил за локалната телевизија КТУУ капетанот на рибарскиот брод Адам Вајт.

Според извештајот на крајбрежната стража, момчето по пристигнувањето на бродот покажувало знаци на хипотермија, а екипажот го затоплил со ќебиња и термофори.

„Иако се тресеше од студ, успеа да каже дека неговиот брат сè уште е под чамецот“, раскажал Вајт.

„Ноќта пред да пристигнеме, неговиот братучед едноставно се лизнал во морето“, додал Вајт.

Откако момчето било спасено, биле пронајдени телата на неговиот брат и братучед.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK