До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Посвежото и претежно сончево време ќе се задржи до средината на следната седмица, а потоа следува постепено затоплување, при што за време на викендот максималната температура во земјава ќе достигне до 34 степени, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. Денеска времето ќе биде сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, …

Continue Reading

Без дозвола, пијани и со туѓа регистарска таблица: 13 возачи приведени низ Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“. -Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол. При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје …

Continue Reading

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата: „Да се следи трагата на парите“

СДСМ бара да се отвори истрага за финансирањето на прославата за 35-годишнината од независноста и да се следи „трагата на парите“, тврдејќи дека Владата сè уште не ги објавила договорите, фактурите, исплатите и целосната листа на компании кои добиле или обезбедиле средства. Маја Борозан од СДСМ на денешната прес-конференција рече дека станува збор за вкупно околу 5,5 милиони евра – …

Continue Reading

Зеленски подготвен да се сретне со Путин во Мајами, Кремљ инсистира: Средбата да биде во Москва

Кремљ го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директна средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на Г20 во Мајами, оценувајќи дека таквата можност е „невозможна“. Зеленски претходно изјави дека е подготвен да отпатува на самитот на Г20 во САД и таму да разговара со Путин доколку и рускиот претседател присуствува на собирот. Одговорот од …

Continue Reading

Тешка сообраќајка кај Струга, тројца во болница

Тројца се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчераутро се случила на регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа. Според СВР Охрид, незгодата била пријавена на 12 септември во 7:30 часот, а во неа учествувале два автомобили „голф“, двата со струшки регистарски ознаки. Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од Лабуништа, а со другото Е.Ќ. (54) …

Continue Reading

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски. Најавата доаѓа пред утрешната корекција на цените на горивата од Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски вели дека со новата мерка Владата очекува намалување на цената на дизелот. …

Continue Reading

Левица: Над 300 милиони денари од Државна лотарија за прославата – „јавните пари не стануваат приватни“

Левица обвинува дека Владата се обидува да ја оправда одлуката повеќе од 300 милиони денари од Државна лотарија да бидат потрошени за прославата на 35-годишнината од независноста, претставувајќи ги средствата како пари на компанијата, а не како јавни средства. Од партијата велат дека ваквото објаснување е спротивно на наодите на Државниот завод за ревизија, кој во своите извештаи Државна лотарија …

Continue Reading

Еден месец ни трага, ни глас од Љупчо – семејството прашува: „Кој ја води потрагата?“

Точно еден месец нема никаква трага од исчезнатиот Љупчо, а неговото семејство денеска повторно упати апел до јавноста и побара од надлежните институции конкретни информации за тоа што досега е преземено во потрагата. Неговиот внук Дарко вели дека семејството веќе еден месец живее во неизвесност, страв и надеж, а во меѓувреме самото се обидува да собира информации и да ги …

Continue Reading

„Таск Форс“ во акција кај Љубаништа: Приведен прилепчанец со повеќе пакувања марихуана

Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид вчера вечерта привеле 43-годишен прилепчанец, откако кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и една сина таблета. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 12 септември во 22:20 часот, во близина на автокампот „Љубаништа“. Во рамки на мерките за …

Continue Reading