53-годишен маж пронајден починат во својот дом во Аеродром
53-годишен маж бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 12 септември околу 13:25 часот во СВР Скопје. На местото, лекар констатирал смрт кај В.М. (53). Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Continue Reading
48-годишен тетовец уапсен по пријава од сопругата: Ја нападнал во нивниот дом по расправија
48-годишен жител на Тетово е лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга во нивниот дом. Од СВР Тетово информираат дека на 12 септември во 15:30 часот, на улицата „Борче Кочовски“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот маж поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. Случајот во полицијата во …
Continue Reading
Марк победи во Мизано, го стигна Мартин во генералниот пласман
Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Сан Марино и Римини, со што го комплетираше совршениот викенд на патеката „Марко Симончели“. Актуелниот првак победи пред помладиот брат Алекс (Гресини Дукати) и возачот на КТМ, Педро Акоста. Трката во Мизано, донесе големи возбудувања во првата половина. Марко Бецеки, ја задржа првата позиција на стартот, но по своја грешка, излета …
Continue Reading
Големиот пожар во Брач зад себе остави пустош
Пожарот што го зафати хрватскиот остров Брач остави зад себе големи опожарени површини, а снимките од теренот покажуваат колку силно огнената стихија ја зафатила природата. На видеото се гледаат целосно изгорени дрвја, поцрнет терен прекриен со пепел и чад што сè уште се издигнува меѓу остатоците од пожарот. Пожарот избувна доцна во четврток навечер меѓу Ложишќа и Грабовица, а силниот …
Continue Reading
„Безбеден град“ во Велес за ден и пол регистрирал 150 казни, Тошковски: За 40 отсто се намалени жртвите во сообраќајот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во рамки на посетата на Велес го посетија модернизираниот команден центар на СВР Велес, каде што се запознаа со неговото функционирање и го означија почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес. Како што соопшти МВР, Тошковски информираше дека новиот команден центар е сместен …
Continue Reading
Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани
Во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, на влезот во Кочани, е поставен голем крст во чест и спомен на загинатите во трагедијата што го погоди градот. Крстот е висок 17 метри и широк 12 метри, а го освети митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите од храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Тој посочил дека спомен-обележјето ќе остане и како …
Continue Reading
Болка и тага: Училиштето се прости од 18-годишниот Михаил кој загина во несреќата кај Илинден заедно со неговиот татко
Со емотивна објава, средното училиште „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на полициската база „Брест“, во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје. Од училиштето информираат дека Михаел бил ученик во класот Г-4а и дека неговата трагична и ненадејна смрт длабоко ја потресла училишната …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ за „Ласкарци“ и Јакимовски: „Правосудството повторно одработи за СДС и ДУИ“
ВМРО-ДПМНЕ повторно упати остри обвинувања кон правосудството по неодамнешните одлуки на Врховниот суд за случајот „Ласкарци“ и за градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврдејќи дека во судството и натаму функционираат структури блиски до СДСМ и ДУИ. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција директно ги посочи судиите Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии. „Остатоците на СДС и ДУИ …
Continue Reading
До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега
Посвежото и претежно сончево време ќе се задржи до средината на следната седмица, а потоа следува постепено затоплување, при што за време на викендот максималната температура во земјава ќе достигне до 34 степени, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. Денеска времето ќе биде сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, …
Continue Reading