Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти
Владата донесе одлука со која данокот на додадена вредност за горивата се намалува од досегашните 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи растот на цените и финансискиот товар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба. Според владините пресметки, мерката значително ќе го ублажи очекуваното поскапување на горивата. Кај нафтата, наместо очекуваното зголемување од околу пет денари, …
Continue Reading
Катастрофа на Лампард и Ковентри
Фудбалерите на Брајтон забележаа убедлива победа во Ковентри (5:0), во натпреварот од четвртото коло од Премиер лигата. Ковентри стана вториот тим во историјата на Премиер лигата кој ги загуби првите четири натпревари од сезоната без да постигне ниту еден гол. Враќањето на Ковентри во елитните редови на англискиот фудбал по 25 години требаше да биде причина за оптимизам, но почетокот …
Continue Reading
Над 3.500 хектари изгореа во пожарот на Брач: Две лица повредени, 76-годишна жена е во животна опасност
Во големиот пожар што беснее на хрватскиот остров Брач од четвртокот вечерта, а сè уште не е целосно ставен под контрола, повредени се две лица, од кои едно е во животна опасност. Во огнената стихија изгореа неколку куќи во туристичкиот комплекс „Гава“, возила и повеќе од 3.500 хектари борова шума, ниска вегетација и трева. Според последните информации, 76-годишна жена е …
Continue Reading
Полицаец кај Блаце влечен со возило од криумчари на стока
Полицаец синоќа бил нападнат и потоа влечен со возило и пуштен, при што се здобил со повреди. инцидентот се случил на близина на граничниот премин Блаце, откако полицијата се обидела да запре камион со криумчарена стока. Според информациите од МВР, вчера околу 17 часот, во правец од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, кај местото викано „Вражји вир“, полициски службеници забележале …
Continue Reading
Уште еден крупен чекор кон шампионската титула – Антинели победи во Мадрид
Андреа Кими Антонели, возач на Мерцедес, е победник на денешната трка за Големата награда на Шпанија. На патеката во Мадрид, во исклучително здодевна трка, Кими триумфираше пред Макс Ферстапен и Ландо Норис. Норис кој стартуваше од пол позицијата и лесно се одбрани од конкурентите, беше жртва на лошата проценка на тимот, во моментот кога се возеше под виртуелното возило за …
Continue Reading
Дел од Скопје утре без вода
Поради планирани активности за изведување водоводен приклучок со профил Ф-225 мм на улица „Отокар Кершовани“ б.б., кај Амбулантата Бит Пазар, утре, 15 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето. Без вода ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“ и „Крсте Мисирков“ бр. 14, како и Амбулантата Бит Пазар. Прекинот е предвиден да започне во 09:00 часот и ќе трае …
Continue Reading
Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи. „За предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, поднесени се вкупно шест листи на кандидати, од кои четири листи се …
Continue Reading
Активен пожар во селото Конско, гевгелиско
Еден активен пожар е регистриран до 13 часот. Станува збор за пожар во селото Конско во општина Гевгелија. Центарот за управување со кризи информира дека интервенираат три пожарникари со едно противпожарно возило.
Continue Reading
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Битола
Мотоциклист од битолското село Кравари се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Битола. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 12 септември во 12:23 часот, на крстосницата на улиците „Солунска“, „Димо Хаџи-Попов“ и „Михајло Бојаџиев“. Во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д. Ќ. од Битола, …
Continue Reading