„Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување
Британскиот актер и комичар Расел Бренд (51), кој вчера беше прогласен за виновен за силување и три сексуални напади, по изрекувањето на пресудата им покажал подигнат палец на своите адвокати и кратко им порачал: „Добро сум“, пренесува „Дејли стар“. Поротата на судот „Саутварк“ во Лондон го прогласила Бренд за виновен за четири кривични дела извршени меѓу 2004 и 2009 година. …
Continue Reading
Левица: Наместо да прашува каде има корупција, Мицкоски нека погледне во сопствените редови
Европскиот амбасадор Михалис Рокас со оценката дека Македонија не постигнала напредок во борбата против корупцијата директно ги демантирал тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за успешни реформи, оценуваат од Левица. Во партиското соопштение се посочува дека Мицкоски неодамна ја нарекол корупцијата „политичка флоскула“, а сега, како што наведуваат, добил јасен одговор дека власта не испорачала резултати во борбата против корупцијата. „На …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ бара проверка за објектот на Муслиу во Влае: Од каде се парите за изградбата?
ВМРО-ДПМНЕ ги повика поранешниот претседател Стево Пендаровски и неговиот поранешен близок соработник Еролд Муслиу да дадат одговори за изградбата на објект во скопската населба Влае. Од партијата бараат да се испита потеклото на средствата за инвестицијата, имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу, како и евентуалното постоење судир на интереси. Во соопштението се повикуваат Јавното обвинителство и Државната комисија за …
Continue Reading
Репрезентативец на БиХ предизвика бизарен скандал, го бркале шест патроли
Фудбалерот на Њукасл и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, се најде во фокусот на необичен полициски инцидент во близина на Њукасл, откако неговата попладневна прошетка ги вознемири минувачите и предизвика потера од страна на полицијата. Загрижени граѓани пријавиле во полицијата во Нортумбрија двајца мажи кои вооружени се движеле кај резерворарот, на патеката кај Харлоу Хил. Бидејќи англискиот закон, …
Continue Reading
(Видео) Спалети бесен на својот играч, камерите ја снимија жестока реакција
Јувентус ја оствари втората последователна победа, но тренерот на „старата дама“, Лучано Спалети, не беше задоволен од играта на своите играчи. По триумфот над АЗ Алкмар (2:1) во четвртото коло од Лигата на Европа, италијанскиот стручњак ги загуби нервите и бурно реагираше кон својот играч Хуан Кабал. Во Холандија, Јувентус водеше со 2:0 со головите на Теун Копмајнерс во 19-тата …
Continue Reading
Поранешна турска министерка во притвор поради финансиски скандал вреден милиони евра
Судoт во Истанбул ѝ одреди притвор на поранешната турска министерка за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, во рамки на истрага за финансиски неправилности поврзани со кризата во инвестициските фондови во Турција, пренесува „Ројтерс“. Според турската агенција „Анадолу“, Каја, која беше министерка од 2016 до 2018 година, е осомничена за прекршување на законот за пазарот на капитал и …
Continue Reading
Трамп најави голем, прекрасен договор за Украина, кој би можел да ја опфати цела Европа
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во четвртокот имал приватна средба со специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, откако рускиот претставник присуствувал на настан во Белата куќа заедно со претставници на Украина, организиран од американската прва дама Меланија Трамп. Трамп не сакаше да открие за што разговарал со Дмитриев, но предвиде дека наскоро би можел да биде …
Continue Reading
Зеленски: Опасно е кога човек како Илон Маск има толку голема моќ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека сè поголемото политичко влијание на милијардерот Илон Маск претставува опасност за помалите држави. Истовремено, изрази надеж дека победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес ќе донесе поголема воена помош за Украина и ќе го принуди рускиот претседател Владимир Путин на преговори. Зеленски во интервју со германскиот сатиричар Јан Бемерман за емисијата „Магазин Ројал“ …
Continue Reading
(Видео) Стеф Кари го реши и Мајами
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, во ноќта помеѓу четврток и петок, забележаа рутинска победа во дуелот со Мајами Хит, 120:100. За Вориорс, по лошиот почеток на сезоната со три порази, ова е дури шеста победа по ред, додека Мајами Хит го претрпеа шестиот пораз и сега се на 3-6. Мајами добро се држеше до третата четвртина, која мина во апсолутна …
Continue Reading