Репрезентативец на БиХ предизвика бизарен скандал, го бркале шест патроли


amar-dedic-seen-champions-league-depositphotos_847219448_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Њукасл и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, се најде во фокусот на необичен полициски инцидент во близина на Њукасл, откако неговата попладневна прошетка ги вознемири минувачите и предизвика потера од страна на полицијата.


Загрижени граѓани пријавиле во полицијата во Нортумбрија двајца мажи кои вооружени се движеле кај резерворарот, на патеката кај Харлоу Хил.

Бидејќи англискиот закон, строго го санкционира носењето оружје на јавно место и забранува секаков вид лов со лак и стрела, надлежните служби реагираа, на местото на настанот беа испратени дури шест патролни возила, вклучувајќи и вооружени специјални сили.

По потера од околу 11 километри, полицајците го пресретнаа возилото на Дедиќ во ексклузивната населба Дарас Хол. Потоа следеше претрес на автомобилот и итна конфискација на опремата.

Додека проверката беше во тек, голманот на „Страчките“, Марк Гилеспи, и поранешниот дефанзивец Пол Дамет, се нашле на местото на настанот сосема случајно и застанале да му помогнат на својот соиграч.

По сослушувањето на лице место, беше утврдено дека нема безбедносна закана за граѓаните, што беше потврдено од локалната полиција.

„Во среда, кратко по 13:55 часот, добивме пријава за двајца мажи кои носеле лакови и стрели додека оделе по патеката покрај резервоарот. Полицајците излегоа на терен, го запреа возилото во Дарас Хол и ја запленија опремата. Во оваа фаза беше утврдено дека е за рекреативна употреба и дека нема опасност за јавноста. Истрагата продолжува“, се вели во соопштението на полицијата на Нортумбрија.

Дедиќ, кој минатото лето пристигна од Бенфика за 30 милиони евра и веднаш стана стандарден на позицијата десен бек, помина без внатрешни клупски санкции бидејќи на „Сент Џејмс Парк“ беше оценето дека станува збор за невнимателен и наивен потег.

Се очекува репрезентативецот на БиХ да биде во протоколот за натпреварот од првенството во сабота против Фулам.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK