Зошто Меланија Трамп не беше во Белата куќа за време на изборната ноќ?

Меланија Трамп во вторникот не беше покрај својот сопруг, Доналд Трамп, додека тој ги следеше изборните резултати во Белата куќа. Наместо тоа, таа продолжи да се фокусира на своите мировни иницијативи поврзани со Украина, и тоа во момент кога Републиканците го изгубија мнозинството во Конгресот, пренесува „Дејли мејл“. Извор од Белата куќа потврди дека првата дама не им се придружила …

Continue Reading

Хас го избрка Естебан Окон

Францускиот возач Естебан Окон дефинитивно нема да ја заврши тековната сезона во Формула 1 со тимот на Хас, а моменталниот лидер во шампионатот на Формула 2, Рафаел Камара, ќе вози наместо него на претстојната трка во неговиот роден Бразил. Ова е епилогот на одлуката, што ја донесе Хас, во саботата, кога реши да го замени Окон среде тркачкиот викенд за …

Continue Reading

Венедиктов: Европа се заглави во ќош поради Украина

Европската Унија се стави во тешка економска и политичка позиција со својата политика на ограничување на Русија и издвојување огромни ресурси за воена и финансиска поддршка на Украина, додека последиците од таквите одлуки, според мислењето на заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Александар Венедиктов, ги сносат најмногу граѓаните на европските земји. Венедиктов изјави дека Брисел троши огромни ресурси за …

Continue Reading

(Видео) Никол Кидман е брутално нападната: „Имаш 60 години, не можеш да изгледаш како тинејџерка“

Мегин Кели остро ги критикуваше најновите фотографии на Никол Кидман за списанието „Вог“, замерувајќи ѝ на актерката што носи облека која, според нејзиното мислење, прави таа да изгледа како тинејџерка. Во една епизода од емисијата The Megyn Kelly Show, 55-годишната Мегин Кели се осврна на фотографиите на Никол Кидман за австралиското издание на „Вог“, доведувајќи го во прашање изборот на …

Continue Reading

Рома влезе во историјата на ЛШ – Ниту еден друг клуб не доживеал ваква катастрофа

Рома стана првиот тим во историјата на Купот на шампионите и Лигата на шампионите што двапати загубил натпревар во иста сезона откако имал предност од најмалку два гола. Италијанскиот гигант го достигна негативниот рекорд за само 20 дена. Прво, на 14 октомври, загубија од Реал Мадрид со 3:4 дома по водство од 3:1, а синоќа на Олд Трафорд против Манчестер …

Continue Reading

Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми, пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа, реагираат од Левица

„Во услови кога Македонија се соочува со сериозен пад на наталитетот, таканаречената „бела чума“, а Владата и надлежните министри постојано упатуваат апели за повеќедетни семејства, реалноста со која се соочуваат граѓаните е сосема поинаква. До Левица со писмо реагираа граѓани од Битола и околните општини, алармирајќи за недостапноста на спермограмот во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола. Станува збор …

Continue Reading

Иран: Четири нафтени танкери уништени во Ормускиот теснец

Иранската Исламска револуционерна гарда во средата соопшти дека четири танкери за нафта биле уништени откако удриле во поморски мини. Инцидентот се случил еден ден откако американски претставници потврдија дека американската војска извршила напади врз Иран, пренесува Би-би-си. Според полуофицијалната новинска агенција „Тасним“, Исламската револуционерна гарда тврди дека два од бродовите сè уште горат, додека другите два танкера се запленети. Тие …

Continue Reading

Дали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против „Алта банка“ создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС и Венко Филипче со месеци ја политизираат темата за „Алта банка“. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против „Алта банка“. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви, велат од …

Continue Reading

Што значи поразот на Трамп за Европа?

Доналд Трамп претрпе тежок политички пораз откако републиканците ја загубија контролата врз двата дома на Конгресот на избори што гласачите ги претворија во проценка на неговото претседателствување. Високите цени беа одлучувачки за гласачите, а околу две третини од испитаниците во излезните анкети рекоа дека царините на Трамп ѝ наштетиле на економијата, пишува „Euronews“. Претседателот рече дека ќе ги прифати резултатите, …

Continue Reading