Рома влезе во историјата на ЛШ – Ниту еден друг клуб не доживеал ваква катастрофа


14413950.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рома стана првиот тим во историјата на Купот на шампионите и Лигата на шампионите што двапати загубил натпревар во иста сезона откако имал предност од најмалку два гола.


Италијанскиот гигант го достигна негативниот рекорд за само 20 дена. Прво, на 14 октомври, загубија од Реал Мадрид со 3:4 дома по водство од 3:1, а синоќа на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед, имаа предност од 2:0 и загубија со 3:2.

Во четирите натпревари од Лигата на шампионите оваа сезона досега, Рома доживеа два порази, а во двата натпревари имаше предност од два гола.

Првиот шок го доживеа на 14 октомври на Олимпико. Рома водеше со 3:1 против Реал Мадрид откако Дониел Мален постигна два гола на почетокот на второто полувреме.

Екипата на Џан Пјеро Гасперини го задржа водството до 83-тат минута, кога Карлос Еспи го намали резултатот на 3:2. Само неколку минути подоцна, Ендрик израмни, а Антонио Ридигер постигна гол во 90-та минута за неверојатен пресврт и победа на Реал од 4:3.

Реал Мадрид постигна три гола за само седум минути и однесе победа во ситуација која делуваше загубена.

Рома доживеа речиси идентична ситуација само 20 дена подоцна. На гостински терен кај Манчестер Јунајтед, тие поведоа во 11-та минута преку Матијас Суле, а Дониел Мален го зголеми резултатот на 2:0 од пенал во 17-та минута.

Јунајтед влезе во второто полувреме порешително, а Бруно Фернандес го намали дефицитот во 58-та минута со гол од повторениот пенал.

Рома го држеше водството до 83-та минута, кога Матеус Куња израмни на 2:2. Само три минути подоцна, бразилскиот напаѓач повторно постигна гол и му донесе победа на Јунајтед од 3:2.

Постои уште една интересна статистичка врска. Последен пат кога Јунајтед надмина дефицит од два гола дома во Лигата на шампионите беше во октомври 2021 година, кога исто така победи со 3:2.

Тогашниот ривал беше Аталанта, а тренер Џан Пјеро Гасперини е истиот човек што ја води Рома денес. Аталанта водеше со 2:0 на полувремето на „Олд Трафорд“, но Јунајтед направи пресврт со головите на Маркус Рашфорд, Хари Мегваер и Кристијано Роналдо.

Со оваа победа, Манчестер Јунајтед стигна до четвртиот триумф во историјата на Лигата на шампионите по дефицит од најмалку два гола, со што се изедначи со Реал Мадрид на врвот на таа статистичка ранг-листа.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK