Викендот сончев и топол, попладне услови за локална нестабилност
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната …
Continue Reading
Осомничениот за пожарот кај бугарската амбасада се гони за загрозување лица под меѓународна заштита
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истрага против едно лице осомничено за кривичното дело загрозување лица под меѓународна заштита, поврзано со опожарувањето на возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје. Предметот бил преземен од Основното јавно обвинителство Скопје, кое при постапувањето по пријавата за предизвикување општа опасност дошло до сознанија што упатуваат на можни елементи на …
Continue Reading
Стратешко партнерство за модерно, ефикасно и дигитално правосудство
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, регионалната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), Микела Талин, претставничката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, Тања Темелкоска, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на (UNOPS) за Југоисточна Европа. Се разговараше за можностите за воспоставување …
Continue Reading
Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“
Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија …
Continue Reading
Две малолетнички нападнати во Карпош, полицијата го расчистува случајот
Шеесетгодишна скопјанка пријавила во СВР Скопје дека нејзината 17-годишна ќерка и нејзина другарка биле физички нападнати на подрачјето на Карпош. Според пријавата, инцидентот се случил на 15 јуни околу 23:20 часот, а за нападот се посочени И.С. и уште едно малолетно женско лице. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Поднесено обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане
По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот …
Continue Reading
Кривична за жена од Тетово, го нападнала партнерот, велат од МВР
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Е.Р.(36) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 12.03.2026, при расправија во патничко возило, пријавената физички го нападнала нејзиниот невенчан сопруг, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Нојер ќе се збогува со репрезентацијата по СП
Мануел Нојер, 40-годишниот германски голман, објави дека дефинитивно ќе ја напушти репрезентацијата по завршувањето на Светското првенство. Тој го потврди ова пред натпреварот од второто коло од Групата Е помеѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска, кој ќе се игра утре во Торонто, со почеток во 22 часот. Во првото коло, Германија го победи Курасао со 7:1. „Ова е мојот …
Continue Reading
Хакими сепак ќе биде суден за силување
Апелациониот суд во Версај, претпладнево објави дека мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими сепак ќе биде суден за силување. Во февруари 2023 година, Хакими беше обвинета од млада жена која отишла во полициската станица, каде што пријавила дека фудбалерот ја силувал. Фудбалерот на Пари Сен Жермен и капитен на Мароко, чиј тим го игра својот втор натпревар на Светското првенство против Шкотска …
Continue Reading