Левица: Регионалните патишта се распаѓаат под товарот на претоварени камиони
Регионалните и селските патишта низ Македонија сѐ почесто се претвораат во индустриски коридори за тешки и претоварени камиони, особено во близина на каменоломи и рудници. По патиштата кои некогаш биле проектирани за локален сообраќај и земјоделска механизација, денес секојдневно се движат камиони и шлепери натоварени над дозволената маса, велат од Левица. „Такви примери, а за кои алармираше и Левица, се …
Continue Reading
(Видео) Овогодишните фаворити на Евровизија се огласија со кратка порака откако стигнаа до финалето
Финските претставници на овогодинешната Евровизија, виолинистката Линда Лампениус и пејачот Пит Паркконен, се огласија на Инстаграм откако стигнаа до финалето на натпреварувањето што се одржа вчера вечер во Виена. „Ви благодарам многу! Се гледаме во финалето во сабота“, напишаа тие кратко. Линда и Пит со песната Liekinheitin, што во превод значи „Фрлач на пламен“, се овогодишни фаворити на Евровизија. Тие …
Continue Reading
ЕУ воведува единствен билет за патување со воз: „Еден билет, едно патување“
Европската комисија денес предложи нови правила што треба да го олеснат прекуграничното патување низ Европа, особено со воз. Комисијата објави три предлози што го поедноставуваат планирањето и резервацијата на регионални, меѓуградски и прекугранични патувања, особено за железнички патувања што вклучуваат повеќе превозници, и обезбедуваат подобра заштита за патниците во текот на нивното патување. „Европејците ќе можат да планираат, споредуваат и …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Студентите од „Гоце Делчев“ живеат во мувла, студени соби и распаднати тоалети
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се соочуваат со лоши услови за живот, вклучително недостаток на топла вода, несоодветна храна и нехигиенски услови. Тој ја обвини власта за, како што рече, злоупотреба на јавни средства преку тендери и партиски вработувања, додека младите живеат во лоши услови. „Наместо европски студентски стандард, …
Continue Reading
Николоски: Болницата „8-ми Септември” станува најмодерна во државата
Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата „8-ми Септември” во Скопје. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на …
Continue Reading
Работна средба во Општина Струмица со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери
Денес во Општина Струмица се одржа работна средба со италијанскиот амбасадор, господинот Паоло Палминтери. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и партнерството меѓу Општината и Амбасадата на Италија. Главниот фокус на разговорите беше ставен на продлабочување на соработката во областите на економскиот развој и земјоделството, културната дипломатија, како и образованието и зачувувањето на културното наследство. Амбасадорот Палминтери и општинското …
Continue Reading
Ветеринари од АХВ денес ќе утврдат животното од Козле е куче или волк
Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведат вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина со цел утврдување на видот на заловеното животно и неговиот здравствен статус. Оттука ги демантираат наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно …
Continue Reading
Кисела Вода гради нов паркинг на улица „Пушкинова“
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес изврши увид во градежните активности на улицата „Пушкинова“, каде што започна изградба на нов паркинг простор. На површина од 437 квадратни метри ќе се постави партерно уредување со павер елементи. Во склоп на градежните работи соодветно се решава и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. Паркингот на улицата „Пушкинова“ е …
Continue Reading
Франција: Имаме залихи на маски ако избие епидемија на хантавирус
Француската влада соопшти дека нејзините стратешки резерви на маски се доволни за најмалку три месеци во случај на епидемија, додека властите се обидуваат да ја смират јавноста поради загриженоста поврзана со хантавирусот, пренесува „Анадолија“. Од кабинетот на премиерот Себастијан Лекорну наведуваат дека државните резерви се доволни за заштита на земјата најмалку три месеци во случај на епидемиски бран, и дека …
Continue Reading