Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров. Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници го уапсија 86-годишниот Д.Т. од Скопје. Претходно во полиција било пријадено дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото. По …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Сиљановска призна, ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор, призна дека ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор. „Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори Северна Македонија. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа. И што сега …

Continue Reading

12-годишно девојче под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник

12-годишно девојче од Скопје под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник. Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка. Според информациите на МВР, вчера 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март годинава до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Малолетници нападнале ученик пред училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон

Малолетници нападнале ученик пред основно училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон, а видеото го објавиле на социјалните мрежи. Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(43) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 12.05.2026 околу 09:30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Студеничани, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници, …

Continue Reading

Премиерката на Латвија поднесе оставка по контроверзноста околу залутаните украински беспилотни летала

Латвиската премиерка Евика Силина денес ја објави својата оставка, објави Балтичката новинска агенција. Одлуката дојде откако левичарската Прогресивна партија, која е дел од владејачката коалиција, вчера објави дека се повлекува од владата, оставајќи ја Силина без мнозинство. Минатата недела, латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс, од Прогресивната партија, беше принуден да поднесе оставка поради начинот на кој владата се справи …

Continue Reading

(Видео) Филипче бара извинување од Мицкоски

Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и токсични поделби во општеството. Време е да престанат со театарот и да ја продолжат политиката на европска иднина. Доколку не сакаат, а не сакаат поради нивните бизниси, нека си заминат, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој јавно го повика …

Continue Reading

Папата ја критикува Европа: „Да не го предизвикуваме со одбрана наоружувањето“

Папата Лав денес го критикуваше зголемувањето на европските трошоци за одбрана, кои достигнаа највисоко ниво од крајот на Студената војна минатата година, под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „предавство“ на дипломатијата. Папата, кој го навлече гневот на Трамп во последните недели откако ја критикуваше војната во Иран, им рече на студентите во Рим дека новото наоружување не …

Continue Reading

(Видео) Атаман го навреди Ти-Џеј Шортс: Со него игравме „четири на пет“

Тренерот на Панатинаикос жестокот го навреди репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс, на полувремето од натпреварот против Валенсија. Валенсија наорави чудот, избори пласман на Завршниот турнир, откако ги загуби првите два натпревари на домашен терен. Мајсотрката, Валенсија ја доби со 81:64. Од почетокот, и покрај тоа што беше видлива нервоза кај играчите на двата тима, Валенсија играше за нијанса подобро. На …

Continue Reading

Покрај хартиените, учениците од прво до трето одделение првпат ќе добијат и дигитални свидетелства

Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства. „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување на административната работа на училиштата, намалување на трошоците за печатење и …

Continue Reading