Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино
Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и пожарникари. В.д. градоначалникот на Брвеница, Роберт Милошески, изјави дека пожарот бил пријавен околу пладне, по што била побарана брза реакција од локалната противпожарна единица. „Реагираа брзо, но пожарот се префрли во густата шума. Беше локализиран со помош на ‘ер тракторите’“, …
Continue Reading
Јамајка ќе му предаде на кралот Чарлс петиција за репарации за ропството
Владата на Јамајка во понеделник ќе му предаде на кралот Чарлс петиција за репарации за ропството, потврди министерката за култура Оливија Грејнџ. Со петицијата од кралот, кој е и шеф на државата Јамајка, се бара до Судскиот комитет на Тајниот совет, највисокиот суд на земјата, да упати три прашања – дали поробувањето Африканци во Јамајка било законско според англиското право, …
Continue Reading
АфД убедливо победи на изборите во Саксонија-Анхалт
Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) победи на изборите во Саксонија-Анхалт, но засега не се знае дали ќе може самостојно да формира влада. Тоа го покажуваат резултатите од излезните анкети по затворањето на избирачките места. АфД освои 44,5 отсто од гласовите, конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц 18,5 отсто, додека социјалдемократите и Зелените го поминаа изборниот праг за влез во …
Continue Reading
(Видео) Шампионски пресврт на Арсенал против Челзи
Арсенал славеше против Челзи на домашен терен, во првото големо дерби одиграно сезонава во Премиер лигата. Актуелниот шампион победи по пресвртот со 2:1. „Сините“ поведоа веќе во втората минута, но не успеаја да ја зачуваат предноста до крајот на натпреварот. Челзи го отвори натпреварот брилијантно, Морган Роџерс во 80 секунда со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го погоди голот …
Continue Reading
Осма жртва на западнонилска треска, почина 70-годишник
Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјата, со што бројот на жртви се искачи на осум. Станува збор за 70-годишен жител на скопско Драчево, кој подолг период се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Според информациите од Клиниката, пациентот имал повеќе коморбидитети.
Continue Reading
Никола Пелц Бекам привлече внимание во Венеција, Бруклин ја бакнуваше пред фотографите
Никола Пелц Бекам беше меѓу познатите лица кои пристигнаа во Венеција, каде што го привлече вниманието и со наградата „Ѕвезда во подем“ (Rising Star), која ја доби на доделувањето на наградите Kinéo. Церемонијата Kinéo се одржува паралелно со Филмскиот фестивал во Венеција од 2002 година, но не е официјален дел од фестивалот. Организаторите во образложението наведоа дека американската актерка, сценаристка …
Continue Reading
Запреле „бмв“ на патот Гостивар – Стража, возачот нападнал полицаец
На 06.09.2026 во 00:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар запреле патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ј. (49) од с. Шемшово, тетовско. По констатиран сообраќаен прекршок, А.Ј. почнал агресивно да се однесува и физички нападнал полициски службеник. Тој е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде …
Continue Reading
Луис Енрике доби нов договор и зголемување на платата од осум милиони евра годишно
Луис Енрике (56) потпиша нов договор со Пари Сен Жермен до летото 2030 година, а францускиот шампион издвои значително повеќе пари од претходно за новиот договор на шпанскиот тренер. Според информациите од „Лекип“, неговиот годишен приход според новиот договор ќе изнесува околу 20 милиони евра. Според претходниот договор, Луис Енрике заработувал околу еден милион евра месечно, или приближно 12 милиони …
Continue Reading
(Видео) Барселона пукна петарда во мрежата на Димитриевски
Барселона убедливо ја победи Валенсија со 5:0 на „Местаља“ во четвртото коло од Ла Лига и го продолжи својот совршен почеток на новата сезона. Ламин Јамал постигна два гола, додека Фермин Лопез, Рафиња и Педри по еднаш го совладаа Столе Димитриевски. Барселона поведе во шестата минута. Јамал избега од домашната одбрана и погоди прецизно за 1:0, а во 22-та минута …
Continue Reading