(Видео) Барселона пукна петарда во мрежата на Димитриевски
Барселона убедливо ја победи Валенсија со 5:0 на „Местаља“ во четвртото коло од Ла Лига и го продолжи својот совршен почеток на новата сезона. Ламин Јамал постигна два гола, додека Фермин Лопез, Рафиња и Педри по еднаш го совладаа Столе Димитриевски. Барселона поведе во шестата минута. Јамал избега од домашната одбрана и погоди прецизно за 1:0, а во 22-та минута …
Continue Reading
Утре и во вторник сончево и топло, од среда нестабилно со пороен дожд
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура …
Continue Reading
Кели Озборн драстично ослабела по смртта на Ози: „Не знаев дека изгледам така“
Кели Озборн откри дека по смртта на нејзиниот татко Ози Озборн драстично ослабела, а колку се променил нејзиниот изглед сфатила дури кога видела фотографија направена за време на проба на облека. „Изгледав како некој морничав чувар на гробишта. Помислив: ‘Ова е страшно. Не знаев дека изгледам така’. На ’рбетот ми се гледаше секоја коска“, изјави таа за „Мејл он сандеј“. …
Continue Reading
(Видео) Голем пожар кај Милетино се заканува кон селото, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево
Голем пожар избувна кај Милетино, во Општина Брвеница, и се заканува кон селото, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. За гаснење на пожарот се ангажирани „ер тракторите“, а на терен се и тетовските пожарникари. Според Ангелов, пожарникарите се обидуваат да го гаснат пожарот во шумата, но станува збор за високоризичен и тешко пристапен терен, поради што …
Continue Reading
Двајца вработени во „Комунална хигиена“ повредени во иста вечер, едниот со тешки повреди
Двајца вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје се здобиле со повреди додека извршувале работни задачи во два одделни случаи во Скопје, информира МВР. Во првиот случај, од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во полицијата било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ф.Ф. (44) од Скопје. Според пријавеното, 44-годишникот се здобил со повредите во централното подрачје на …
Continue Reading
Котевска по Еми наградите: Дома ќе донесеме незаборавно искуство, нова видливост за македонскиот филм
Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking и Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program. Во двете категории „Приказната за Силјан“ се најде во директна конкуренција со американски продукции. Особено силна беше номинацијата за …
Continue Reading
(Видео) „Бомбата“ на Мејтланд-Најлс спречи триумф на Јунајтед на „Хил Дикинсон“
Манчестер Јунајтед продолжува да освојува подарува важни бодови во Премиер лигата, откако попладнево одигра 2:2 на гостински терен против Евертон. Првото полувреме заврши без голови, иако Јунајтед имаше неколку добри шанси. Најблиску до постигнување гол беше Бруно Фернандеш, кој ја погоди пречката со фантастичен волеј во осмата минута. Маркус Рашфорд и Матеус Куња исто така се обидоа, но одбраната на …
Continue Reading
(Видео) Кими од 19-то место до победа – Италија по 60 години има победник во Монца
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, триумфираше на Големата награда на Италија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Младиот Италијанец славеше на својот домашен терен во Монца, каде што ја забележа својата седма победа во сезоната, а воедно и во кариерата, откако стартуваше од 19-та позиција поради промена на погонската единица. Антонели до победата дојде со победа во директен …
Continue Reading
Скопјанец измамен за речиси 12.000 евра, му барале пари за наводно лекување на дете во странство
Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало пари за наводно лекување на синот во странство и за регулирање долг за вода. Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 18 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, во периодот од 18 јануари до крајот на февруари годинава, …
Continue Reading