Мицкоски во Германија: Дијаспората е нераскинлив дел од татковината

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Третата конференција на задграничните комитети на партијата, што се одржа во Солинген, Германија. На конференцијата присуствувале и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, информираат од партијата. Во обраќањето пред делегатите, Мицкоски ги презентирал состојбите во државата, економските …

Continue Reading

Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси, гаражи и канцеларии

Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во Кочани, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Густ црн чад се издигаше високо над градот и беше видлив и од околните населени места. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани десетина противпожарни возила од територијалните противпожарни единици од Кочани и Виница, како и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Во интервенцијата учествувале …

Continue Reading

(Видео) Полицаец во Франција се здоби со тешки изгореници откако демонстрант му фрли молотов коктел

Полицаец во Франција се здобил со тешки изгореници откако демонстрант кон него фрлил молотов коктел, при што му се запалила ногата. Француската Национална жандармерија оцени дека на протестите се користи „неприфатливо насилство“ против припадниците на органите за спроведување на законот. На социјалната мрежа Икс, полицијата објавила фотографија и видео на кои се гледа моментот кога на полицаецот му се запалува …

Continue Reading

Тројца мажи нападнале скопјанец на семафорите во Ѓорче Петров и му го искршиле автомобилот

Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од тројца мажи додека чекал на семафорите во Ѓорче Петров, при што му било оштетено и возилото. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 31 октомври во 20:15 часот во СВР Скопје, 34-годишниот О.А. од селото Сарај пријавил дека додека се наоѓал во својот автомобил „фолксваген“, на семафорите во Ѓорче Петров, три лица …

Continue Reading

Кривична пријава против жена од Берово, ја тепала 12-годишната ќерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 39-годишна жена од беровско поради сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 октомври 2026 година, во Берово, пријавената физички ја нападнала својата 12-годишна ќерка. Дополнително, жената постапила спротивно на решението за заштита од семејно насилство, издадено …

Continue Reading

Турција им забрани пристап до социјалните мрежи на деца помлади од 15 години

Во Турција стапи на сила забраната за пристап до социјалните мрежи за деца помлади од 15 години. Проверката на возраста на постојните кориснички сметки ќе продолжи до 31 март 2027 година, а во текот на преодниот период платформите постепено ќе ги затвораат профилите на децата, пренесува „Анадолија“. Турција во средината на октомври им забрани на давателите на услуги на социјалните …

Continue Reading

Приведен 39-годишен скопјанец, ја тепал сопругата и ја избркал од семејниот дом

Триесет и деветгодишен маж од Скопје бил приведен откако физички ја нападнал сопругата, ѝ се заканувал и ја избркал од семејниот дом во скопската општина Гази Баба. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 31 октомври, околу 17:30 часот, во семејниот дом, по што случајот бил пријавен во полиција. Полициски службеници од Единицата за насилен криминал …

Continue Reading

Ограбен 76-годишен маж во скопско, напаѓачите го удриле со кундак од пиштол

Седумдесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека бил физички нападнат од две лица што ги познавал, кои потоа му одзеле пари од домот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска (1 ноември), во 5:30 часот, во СВР Скопје. Според пријавата, нападот се случил претходната вечер, на 31 октомври, околу 21:15 часот, кога двете лица влегле …

Continue Reading

БИА наводно прислушувала обвинители што ја истражувале трагедијата во Нови Сад

Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) прислушувала одредени обвинители од Јавното обвинителство за организиран криминал (ТОК) и ја следела нивната електронска комуникација, објави српскиот портал „Радар“. Според неофицијалните информации до кои дошол медиумот, главната причина за тајниот надзор била истрагата за корупција при реконструкцијата на железничката пруга Белград – границата со Унгарија, како и на Железничката станица во Нови Сад, каде што …

Continue Reading