Ограбен 76-годишен маж во скопско, напаѓачите го удриле со кундак од пиштол

Седумдесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека бил физички нападнат од две лица што ги познавал, кои потоа му одзеле пари од домот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска (1 ноември), во 5:30 часот, во СВР Скопје. Според пријавата, нападот се случил претходната вечер, на 31 октомври, околу 21:15 часот, кога двете лица влегле …

Continue Reading

БИА наводно прислушувала обвинители што ја истражувале трагедијата во Нови Сад

Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) прислушувала одредени обвинители од Јавното обвинителство за организиран криминал (ТОК) и ја следела нивната електронска комуникација, објави српскиот портал „Радар“. Според неофицијалните информации до кои дошол медиумот, главната причина за тајниот надзор била истрагата за корупција при реконструкцијата на железничката пруга Белград – границата со Унгарија, како и на Железничката станица во Нови Сад, каде што …

Continue Reading

Судија ја отфрли тужбата на Трамп против „Волстрит џурнал“ за 10 милијарди долари

Американскиот судија Дарин Гејлс ја отфрли тужбата што претседателот Доналд Трамп ја поднесе против весникот „Волстрит џурнал“, барајќи 10 милијарди долари отштета поради објавен текст за наводно роденденско писмо до осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Судијата оценил дека аргументите во тужбата се „фаќање за сламки“. Трамп лани ја тужеше матичната компанија на весникот, „Дау Џонс“, како и нејзиниот сопственик Руперт …

Continue Reading

Околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнале 50 навивачи на „Работнички“, тешко повреден 16-годишник

Осумнаесетгодишен скопјанец бил приведен поради учество во масовната тепачка што се случила пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 31 октомври, а М.М. (18) бил приведен во 23 часот. Според пријавеното, осомничениот, како член на …

Continue Reading

Зеленски: Трилатерални преговори меѓу Украина, САД и Русија можни од 6 до 10 ноември

Трилатералните преговори на техничко ниво меѓу Украина, САД и Русија би можеле да се одржат од 6 до 10 ноември во Абу Даби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека конечниот датум и местото на средбата сè уште не се утврдени. „Средбата треба да се одржи во Абу Даби, но, како што знаете, има многу различни чувствителни прашања и предизвици …

Continue Reading

Шестмина возачи приведени за безобѕирно возење, тројца немале возачка дозвола

Шест возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тројца од приведените управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за Б.М. (34) од скопско Батинци, 16-годишник од селото Морани и Ф.К. (32) од прилепското Големо Коњари, …

Continue Reading

Најлошиот Јунајтед во последните 42 години

Манчестер Јунајтед загуби со 2:0 на гостински терен од Челзи, продолжувајќи ја својата серија без победа на девет натпревари во сите натпреварувања. Ова е најдолгата таква серија на клубот од септември 1984 година. Челзи победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, гостите половина час играа без исклучениот Лисандро Мартинез. Аргентинецот кумуваше за првиот гол на Роџерс, …

Continue Reading

Две години од уривањето на настрешницата: Река луѓе се упати кон железничката станица во Нови Сад

Три колони граѓани утрово тргнаа низ улиците на Нови Сад кон железничката станица, каде што во 11:52 часот ќе се одржи комеморативен собир по повод две години од уривањето на настрешницата, во кое загинаа 16 лица. Колоните тргнаа од три локации – Медицинскиот факултет, Лиманскиот парк и Варадинскиот мост. Предвидено е да се спојат, а потоа заеднички да продолжат по …

Continue Reading

Полицијата со штитови и палки го растера кампот на демонстрантите во Лисабон

Португалската полиција рано утрово со употреба на штитови и палки го отстрани шаторскиот камп на плоштадот Росио, во центарот на Лисабон, откако стотици демонстранти се обидоа да го спречат уривањето на шаторите поставени по вчерашниот масовен протест против владиниот закон за закупнини. Португалија се соочува со една од најтешките станбени кризи во Европа, а младите се особено погодени. Цените на …

Continue Reading