Седумдесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека бил физички нападнат од две лица што ги познавал, кои потоа му одзеле пари од домот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска (1 ноември), во 5:30 часот, во СВР Скопје. Според пријавата, нападот се случил претходната вечер, на 31 октомври, околу 21:15 часот, кога двете лица влегле во неговиот дом и физички го нападнале.
Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.