Тројца мажи нападнале скопјанец на семафорите во Ѓорче Петров и му го искршиле автомобилот


tepacka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од тројца мажи додека чекал на семафорите во Ѓорче Петров, при што му било оштетено и возилото.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 31 октомври во 20:15 часот во СВР Скопје, 34-годишниот О.А. од селото Сарај пријавил дека додека се наоѓал во својот автомобил „фолксваген“, на семафорите во Ѓорче Петров, три лица излегле од друго возило.

Тие, со употреба на физичка сила, го извлекле од автомобилот и го нападнале, а притоа употребиле и метални предмети, со кои го оштетиле неговото возило.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK