Јоце Панов по втор пат во Македонската филхармонија
По исклучителниот успех по повод 25-годишниот јубилеј, концертот на Јоце Панов во Македонската филхармонија прераснува во настан што публиката го побара повторно. Јоце Панов повторно со концерт во Македонската филхармонија на 18 март 2026 година. „Магијата продолжува. Уште една вечер исполнета со емоции, безвременска музика и моќен оркестарски звук кои се спојуваат во едно незаборавно доживување“, велат од тимот на …
Continue Reading
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир. „Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на …
Continue Reading
(Видео) Масовен прекин на струјата во Сан Франциско: роботските такси-возила предизвикаа сообраќаен хаос
Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во текот на викендот доведе до застој на робот-такси возилата на Waymo, со што се запре работењето низ целиот град. Електродистрибуцијата PG&E соопшти дека прекинот се случил во саботата попладне поради „значајна и широко распространета“ штета предизвикана од пожар во трафостаница. Повеќе од 100.000 корисници останале без електрична енергија. Power went out …
Continue Reading
Зеленски: Мировните преговори се многу блиску до вистински резултат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите со САД и европските земји со цел да се стави крај на речиси четиригодишната војна со Русија се „многу блиску до вистински резултат“. Украинските преговарачи, предводени од високиот функционер Рустем Умеров, заедно со претставници од Европа, одржаа серија состаноци со американски претставници, вклучително и во последните денови во Флорида. Рускиот преговарач Кирил Дмитриев, …
Continue Reading
Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 , а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко …
Continue Reading
Делови од Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска: · поради промена на вентил ф-2“ на крстосницата ул.Октомвриска Револуција/ бул.Партизански Одреди, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зграда 10, 12 и 14 на ул.Октомвриска Револуција и дел од бул.Партизански Одреди (потегот од Никола Тесла до Октомвриска Револуција). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.(Карпош) · …
Continue Reading
(Видео) Елмас со Наполи го освои Суперкупот – Давид Нерез со два гола ја реши Болоња
Фудбалерите на Наполи со трофеј ја завршиша 2025 година. Актуелните италијански шампиони, во ројад, го освоија Суперкупот, со победата над Болоња (2:0). Мечот, с два гола, го реши Бразилецот Давид Нерез. Наполи трет пат во историјата го крена трофејот во Суперкупот, претходно тоа му успеа во 1990 и 2014 година. Тимот на Антонио Конте, во чии редови од стартот на …
Continue Reading
Англичанец обвинет дека 13 години ја дрогирал сопругата и носел мажи да ја силуваат
Сопруг и пет други мажи се обвинети за серија сериозни сексуални злосторства против неговата поранешна сопруга, кои наводно се случиле во долг период од 13 години во западна Англија. Жртвата, 48-годишната Џоан Јанг, се откажала од правото на анонимност, објавува Би-Би-Си. Нејзиниот поранешен сопруг, 49-годишниот Филип Јанг, кој претходно живеел во Свиндон, а сега во Енфилд, се соочува со 56 …
Continue Reading
Автомобил се заби во толпа луѓе на божиќна парада во Холандија
Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што беа повредени најмалку десет лица, пренесуваат локални медиуми. Во таа прилика, најмалку три лица беа тешко повредени. Холандските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека полицијата во моментов не е во можност да утврди дали несреќата е намерно предизвикана. Група луѓе кои …
Continue Reading