Автомобил се заби во толпа луѓе на божиќна парада во Холандија
Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што беа повредени најмалку десет лица, пренесуваат локални медиуми. Во таа прилика, најмалку три лица беа тешко повредени. Холандските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека полицијата во моментов не е во можност да утврди дали несреќата е намерно предизвикана. Група луѓе кои …
Continue Reading
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада. Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција. „За време на натпреварот против Оксер, …
Continue Reading
Вучиќ: Следната година е многу важна, ќе ја одреди судбината на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени 2026 година како исклучително важна година поради изборите што ќе „ја одредат судбината на Србија“ и големите инвестиции планирани како дел од подготовките за изложбата ЕКСПО 2027, пишува „n1info.rs“. Вучиќ изрази надеж дека граѓаните ќе „судат според постапките“ кога гласаат и ќе дадат поддршка на Српската напредна партија. „Донесете ја одлуката со ладна глава …
Continue Reading
Вашингтон со 48 поени го затрупа кошот на Крка
Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени. Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз. Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди …
Continue Reading
Меџити-Спиропали: во фокусот актуелните случувања
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки. Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако беше организирана посебна вечер наменета за децата од згрижувачките семејства и …
Continue Reading
(Видео) Тепачка во турскиот парламент
Пратениците на владејачката партија и опозицијата се судрија во турскиот парламент по спорот околу наследството на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, пренесуваат регионалните медиуми. Физичката пресметка се случи вчера за време на жестока дебата за предлогот за буџетот за 2026 година. Пратениците разменија удари, но и законот за буџетот и законот за финансиски извештај за 2024 година на …
Continue Reading
Кошта и Лајен: Безбедноста на Арктикот останува еден од клучните приоритети на Европската Унија
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оценија дека безбедноста на Арктикот останува еден од клучните приоритети на Европската Унија и област во која тие се стремат да соработуваат со сојузниците и партнерите. „Територијалниот интегритет и суверенитет претставуваат основни принципи на меѓународното право. Овие принципи се од суштинско значење не само за …
Continue Reading
Орбан: Унгарските пари не треба да бидат во позлатените тоалети на украинските олигарси
Парите на Унгарците треба да бидат насочени кон развој на Унгарија, а не кон позлатените тоалети на украинските олигарси, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го доделувањето на заеми од буџетот на Европската Унија за Украина во износ од 90 милијарди евра. „Местото на унгарските пари е, пред сè, на територијата на унгарските низини, на сообраќајниците со четири ленти, а …
Continue Reading