Интер го враќа Станковиќ на „Џузепе Меаца“


g1i7qpuwuaauhck.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Александар Станковиќ, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Интер. Тимот од Милано не сакаше повеќе да чека, па затоа ќе ја искористат клаузулата за да го вратат синот на Дејан Станковиќ на „Џузепе Меаца“.


Српскиот фудбалер, игра во брилијантна форма од почетокот на сезоната, со што го привлече интересот на богатите клубови. Наводно за него интерес покажале Арсенал, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, па дури и Атлетико и Реал Мадрид.

Интер нема да се коцка и ќе ја плати клаузулата за враќање од договорот со Клуб Бриж, што ќе ги чини 23.000.000 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK