Сончево и топло, во попладневните часови услови за краткотраен пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала …
Continue Reading
(Видео) Тежок пораз на БиХ од Швајцарија
Фудбалерите на Швајцарија ја победија Босна и Херцеговина со 4:1 (0:0) во 2. коло од Групата Б на Светското првенство. Натпреварот на преполниот стадион „СоФи“ во Лос Анџелес го реши 20-годишниот Јохан Манзамби со голови од клупата, но сè имаше своја прелудиум во претходните неколку дена. Токму младиот фудбалер на Фрајбург беше нападнат од Гранит Џака по првиот натпревар со …
Continue Reading
Нетанјаху повика на зачувување на клучниот однос со САД по договорот со Иран
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетамјаху, повика на зачувување на „клучниот однос“ со САД по потпишувањето на американско-иранскиот договор, нагласувајќи дека Вашингтон бил на страната на Израел за време на конфликтот со Иран. „Борбата не е завршена и пред нас има нови предизвици. Тие бараат решителна одбрана на израелските безбедносни интереси, но и зачувување на нашиот клучен однос со американските пријатели“, порача …
Continue Reading
Трамп: Не е точно дека САД ќе му платат 300 милијарди долари на Иран
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли тврдењата дека САД планираат да му исплатат на Иран 300 милијарди долари според неодамна потпишаниот меморандум за разбирање. „Нема никаква американска исплата од 300 милијарди долари за Иран. Тоа се лажни вести. За САД ова значи успех, пониски цени на нафтата и победа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Тру соушал“. Реакцијата следуваше по …
Continue Reading
Откриено e зошто Меси плачеше – се огласи семејството
Семејството на Лионел Меси во четврток потврди дека таткото на аргентинската ѕвезда, Хорхе, има здравствени проблеми. Во соопштение семејстото се осврна на гласините што кружат за здравјето на Хорхе, негирајќи информации што не дојдоа директно од официјални канали. „Тој моментално е под медицински надзор, се опоравува и напредува во својата состојба“, соопшти семејството. Меси беше преплавен од емоции по првиот …
Continue Reading
(Видео) Реми што никому не му одговара – Чешка и Јужна Африка освоија по еден бод
Репрезентациите на Чешка и Јужна Африка го отворија второто коло на Светското првенство. На стадионот во Атланта, во рамките на А групата, овие две селекции одиграа без победник 1:1. Претходно во првото коло Јужна Африка убедливо беше поразена од Мексико (0:3), а Чесите загубија од Јужна Кореја (1:2). Чесите почнаа агресивно од самиот почеток и создадоа две шанси во првите …
Continue Reading
Нафтата поевтини, се очекува нормализација на сообраќајот низ Ормускиот Теснец
Цените на нафтата денеска паднаа под 78 долари за барел, откако САД и Иран потпишаа меморандум што предвидува отворање на Ормутскиот Теснец и постепено обновување на извозот на иранска нафта. На лондонскиот пазар цената на нафтата се намали на 77,52 долари за барел, додека на американскиот пазар изнесуваше 74,63 долари. Според договорот, САД ќе почнат со укинување на блокадата на …
Continue Reading
(Видео) Неверојатни слики од Њујорк – Никс ја слават титулата
Илјадници навивачи на Њујорк Никс, облечени во сини и портокалови дресови, се собраа во центарот на градот за да го прослават освојувањето на титулата во НБА. Никс во финалната серија со 4:1 го победија Сан Антонио, ја освоија втората титула во клупската историја, прва по 1973 година. По целата улица „Чрч“, која се протега паралелно со рутата на парадата, навивачите …
Continue Reading
(Видео) Илјадници навивачи на БиХ го преплавија Лос Анџелес пред дуелот со Швајцарија
Во пресрет на натпреварот од второто коло на Светското првенство меѓу Босна и Херцеговина и Швајцарија, улиците на Лос Анџелес беа преплавени со сино-жолти бои. Иако во Калифорнија сè уште беше утро, тоа не ги спречи илјадниците навивачи да создадат незаборавна атмосфера и да организираат голема колона кон стадионот. Според репортерите на порталот „Кликс.ба“, навивачите првин се собрале на неколку …
Continue Reading