Зеленски: Нетанјаху го има она што ми треба, јас го имам она што нему му треба
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за пресретнувачите на дронови и експертизата на Киев во борбата против дронови произведени во Иран. Изјавата доаѓа во време кога војната во Иран влегува во третата недела, а Нетанјаху, според медиумските извештаи, побарал преговори со Зеленски во последните денови, пишува Euronews. Според извештаите на израелските …
Continue Reading
Цените на нафтата растат
Цените на нафтата се искачија над 102 долари на меѓународните пазари, бидејќи шпекулациите за можно долгорочно нарушување на транзитот низ Ормускиот теснец ги надминаа иранските сигнали за пропуштање на танкери. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 1,96 долари попладне, во пораст од вчерашното затворање од 102,17 долари. На американскиот пазар, се зголеми за 1,67 долари на 95,17 долари. На …
Continue Reading
(Видео) „Трамп ме прати да проверам дали сте жив“ – Нетанјаху објави шеговито видео за теориите на заговор за неговата смрт
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се потсмева на теориите на заговор за неговата наводна смрт во ново видео со американскиот амбасадор Мајк Хакаби. „Претседателот на САД Доналд Трамп сакаше да дојдам и да проверам како сте“, вели Хакаби со смеа додека шета низ канцеларијата на Нетанјаху. „Да, Мајк, жив сум“, одговори Нетанјаху. Трамп, додаде Хакаби, сакаше да биде сигурен затоа што …
Continue Reading
Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше средба со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на македонската заедница во Статутот на Автономната Покраина Војводина и воведување на македонскиот јазик во службена употреба во неколку населени места. Соговорниците изразија загриженост заради алармантниот …
Continue Reading
Трамп: САД сè уште не се подготвени да го напуштат Иран, но ќе го сторат тоа во блиска иднина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД сè уште не се подготвени да го напуштат Иран, но дека тоа ќе се случи „во многу блиска иднина“. Одговарајќи на новинарско прашање за планот за Иран по заминувањето на американските сили, Трамп тврдеше дека, во случај на итно повлекување, „ќе бидат потребни 10 години“ за обнова на земјата, според Sky News. …
Continue Reading
Турција: Подготвени сме да бидеме домаќини на нова рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, повтори дека Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори меѓу Русија и Украина, објави турското Министерство за надворешни работи. Фидан ги истакна ризиците што ги претставува долготрајната војна за двете земји во регионот и за меѓународниот поредок, а …
Continue Reading
Стармер до Зеленски: Фокусот мора да остане на Украина и покрај војната со Иран
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, за време на состанокот со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во Лондон изјави дека фокусот мора да остане на Украина и покрај војната во Иран. Поздравувајќи го украинскиот лидер на Даунинг стрит, премиерот рече: „Путин не смее да профитира од конфликтот во Иран, ниту преку цените на нафтата ниту преку укинување на санкциите“, објави Би-Би-Си. …
Continue Reading
Финскиот претседател: Војната на Блискиот Исток го одвлекува вниманието од Украина
Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека верува оти последиците од војната на Блискиот Исток имаат негативен ефект врз Украина и изрази страв дека бавните мировни преговори со Русија би можеле да пропаднат како резултат на тоа, објавува The Guardian. За време на посетата на Лондон, претседателот рече дека верува оти војната на Блискиот Исток „го одвлекува вниманието од мировните преговори …
Continue Reading
Трамп: Не ни треба помош од никој
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Truth Social откако бројни западни земји го отфрлија неговото барање за воена помош за обезбедување премин низ Ормутскиот теснец. „Соединетите Држави беа информирани од повеќето наши ‘сојузници’ од НАТО дека не сакаат да се приклучат на нашата воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блискиот Исток, и покрај фактот …
Continue Reading