Македонија ќе учествува во програмата EU4Health, вредна 4,4 милијарди евра

Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше за потпишувањето на Договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што претставува значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики. „Со потпишувањето на Договорот за EU4Health во Брисел направивме важен исчекор за македонското здравство. Станува збор за најголемата програма на Европската Унија во …

Continue Reading

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука“

Левица реагира дека Владата на Христијан Мицкоски, зад формулациите за „почитување на судската одлука“ и „правна сигурност“, признава дека проектот „Иловица – Штука“ повторно се враќа на маса и дека државата повторно го отвора патот за еден од најконтроверзните рударски проекти во историјата на Македонија. Од партијата посочуваат дека Владата нема обврска да стане политички застапник на мултинационална рударска корпорација, …

Continue Reading

ЗНАМ: Нема конечен договор за реконструкцијата на Владата, сите теми се отворени

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, изјави дека анализата на работењето на функционерите на партијата покажала дека тие се во рамките на спроведувањето на владината програма, додека за владината реконструкција рече дека сè уште нема конечен договор за ниту едно прашање и дека разврска се очекува кон средината на следната недела. На прес-конференција, Мемов рече дека ЗНАМ направила анализа на работењето …

Continue Reading

(Видео) Анима Мунди: Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не волк

Анима Мунди побара итно затворање на ЗОО Скопје до завршување на независен инспекциски надзор, поради, како што наведуваат, сериозни сомнежи за безбедноста на живеалиштата за дивите животни. Во соопштение објавено заедно со видео, од здружението наведуваат дека оградата на живеалиштето на волците не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни и, според нив, отвора сериозни сомнежи дали …

Continue Reading

(Видео) Објавен целиот концерт на Влатко и Златко Миладиноски

Целосната снимка од концертот на Влатко и Златко Миладиноски, одржан во арената „Борис Трајковски“, од денес е достапна на официјалниот Јутуб канал на Влатко Миладиноски, овозможувајќи ѝ на публиката повторно да ги доживее највпечатливите моменти од музичкиот настан што ја одбележа изминатата година. Концертот предизвика голем интерес кај љубителите на македонската народна музика и остана запаметен како еден од најмасовно …

Continue Reading

Приведен маж од Кочани, возел без возачка, а во возилото била пронајдена брендирана роба

Полицијата приведе 37-годишник од Кочани поради управување возило без возачка дозвола, а во неговото возило била пронајдена поголема количина брендирана роба. Според информациите на МВР, вчера околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, а при …

Continue Reading

Синдикатот на културата поведе постапка пред МОТ: „Една година, Љутков не најде време да седне на маса со синдикатите“

Синдикатoт на културата на Република Македонија (СКРМ) поведе постапка пред Меѓународната организација на трудот во врска со Колективниот договор. Од таму обвинија дека министерот за култура, Зоран Љутков, повеќе од една година не седнал на преговарачка маса со синдикатите за да се обидат да најдат заедничко решение/ „Денес со жалење објавуваме дека СКРМ поведе постапка пред Меѓународната организација на трудот …

Continue Reading

Победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“, Бојан Илиевски, на гости кај градоначалничката на Општина Кисела Вода

Градоначалничката, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“, упатувајќи му искрени честитки за големиот успех и за достоинственото претставување на Македонија на регионалната музичка сцена. На средбата беше истакнато дека Општина Кисела Вода е средина од која произлегуваат бројни млади, талентирани и успешни луѓе, а локалната самоуправа останува посветена …

Continue Reading

Европските земји подготвуваат хуманитарна помош за Венецуела

Швајцарија објави дека испратила десетици свои специјалисти во Венецуела за да помогнат во справувањето со хуманитарната криза во земјата. Швајцарскиот синџир за спасување, кој вклучува 80 специјалисти, осум кучиња трагачи и 18 тони опрема за спасување, ќе соработува со локалните власти за да ги бара жртвите закопани под урнатините. Во исто време, во воздухопловната база Вунсторф во германската покраина Долна …

Continue Reading