(Видео) Анима Мунди: Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не волк


volk-ograda-screenshot-2026-06-26-115949.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Анима Мунди побара итно затворање на ЗОО Скопје до завршување на независен инспекциски надзор, поради, како што наведуваат, сериозни сомнежи за безбедноста на живеалиштата за дивите животни.


Во соопштение објавено заедно со видео, од здружението наведуваат дека оградата на живеалиштето на волците не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни и, според нив, отвора сериозни сомнежи дали биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство.

„Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не волк“, наведуваат од Анима Мунди.

Од здружението додаваат дека безбедноста на дивите животни не смее да се обезбедува со импровизација, ниту да зависи од среќа, како и дека проблемот, според нив, не е вина само на сегашниот директор, туку постои во континуитет.

Анима Мунди бара:

итно затворање на ЗОО Скопје до завршување на независен инспекциски надзор;
инспекција на сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, со јавно објавување на наодите;
независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување одговорност за сите пропусти;
мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат законските и стручните стандарди;
план за затворање на ЗОО Скопје и негова трансформација во спасувачки и рехабилитациски центар за животните што веќе се таму.

„Институција што не може да гарантира сигурност за животните што ги држи во заробеништво, не може да гарантира ниту безбедност за граѓаните“, порачуваат од Анима Мунди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK