Герасимовски: Службите мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии

Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец, Дебар …

Continue Reading

Иран ја предупреди Бугарија: да не им дозволува на САД да ја користат нејзината територија за напади врз Техеран

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината територија за воени операции против Техеран, откако бугарската влада објави дека ќе побара парламентарно одобрение за распоредување американски авиони за полнење гориво во земјата. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека секоја активност што би овозможила американски напади врз Иран би …

Continue Reading

(Фото) Откорнати дрвја, покриви, искинати кабли, непроодни улици по невремето во делови од Скопје

Силниот ветер што го зафати Скопје предизвика штети речиси во сите скопски населби. Откорнати покриви, паднати дрвја, искинати кабли за струја, беа сликите кои граѓаните ги објавуваа на социјалните мрежи. На улицата Цветан Димов во скопски Чаир речиси и да не може да се помине од искршени гранки, реагираат жителите. Една лента на улицата според сведочењата е нефункционална, затрупана со …

Continue Reading

Епидемиолошката состојба во Гостивар е резултат на партизацијата и јавашлукот на неспособните партиски кадри, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат …

Continue Reading

Тошковски од Гостивар: Случајот целосно ќе се расчисти и одговорност ќе има

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување …

Continue Reading

Невреме ги зафати Скопје и Куманово, нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови, најави УХМР

Во моментов невреме со пороен дожд и грмежи има во Скопје и Куманово. До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи нестабилноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер. Ќе има услови за невреме со појава на град. Во текот на ноќта се очекува стабилизација. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има …

Continue Reading

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град се движи кон Скопје

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица се движи кон Скопје и Куманово, предупреди попладнево УХМР. Правецот на движење, според соопштеното е од северозапад кон југоисток. Дел од жителите во Скопје според објавеното на социјалните мрежи информираат за силен ветер кој носи се пред себе. Попладнево и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека Град Скопје е …

Continue Reading

ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал, додаваат од партијата, не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Според ДОМ, партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано загрозено. …

Continue Reading

Изгоре автомобил во Скопје: огнот зафатил уште две возила, фасада на зграда

Утрово околу 04:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и …

Continue Reading