(Фото) Откорнати дрвја, покриви, искинати кабли, непроодни улици по невремето во делови од Скопје


751257462_1041964101885678_4872109559151366198_n-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силниот ветер што го зафати Скопје предизвика штети речиси во сите скопски населби.


Откорнати покриви, паднати дрвја, искинати кабли за струја, беа сликите кои граѓаните ги објавуваа на социјалните мрежи.

На улицата Цветан Димов во скопски Чаир речиси и да не може да се помине од искршени гранки, реагираат жителите.

Една лента на улицата според сведочењата е нефункционална, затрупана со паднати гранки, по цела должина.

Нема улица во градов брз паднато дрво, превртен контејнер па дури и паднати покриви од згради.

УХМР соопшти дека силен ветер, дожд и грмежи попладнево ги зафати и Куманово, Штип и Кочани а се движеше во правец кон Виница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK