Гужва на ГП Богородица, за излез се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.

Continue Reading

Денес сончево и топло со температура до 35 степени

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во …

Continue Reading

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во …

Continue Reading

Обвинителството во Црна Гора одреди 72-часовно задржување за Македонката која со автомобил усмрти куче

Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“. Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил во близина на Булеварот „Теута“, каде што осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, прегазила домашно куче од расата шарпланинец. Животното, кое …

Continue Reading

Норис освои пол-позиција во Будимпешта, Хамилтон и Антонели казнети

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Унгарија на „Хунгароринг“. Тој со време од 1:17.207 минути беше побрз од сонародникот Луис Хамилтон, кој првично заврши втор, но поради казна ќе стартува од петтата позиција. Казна доби и лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, кој не забави доволно под жолта знаме и ќе стартува три места …

Continue Reading

Вардар ја победи Брегланица и ги освои првите три бода во новата сезона

Македонскиот шампион Вардар ја почна одбраната на титулата со сигурна победа над Брегалница (2-0) попладневоо на Националната арена „Тодор Проески“. Стрелци беа Димитар Данев во првото полувреме и Горан Закариќ во 81. минута. Со ова „црвено-црните“ освоија први три бода во новата сезона. По успешниот старт во домашниот шампионат, Вардар го насочува вниманието кон реваншот против Рига во квалификациите за …

Continue Reading

Активни три пожари на отворено

До 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и …

Continue Reading

За трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, а 160 за бубрези

Подзаконските акти за Законот за органодарителство – уредбите и правилникот се ставени на јавна расправа на веб-страната на Министерството за здравство по  што се очекува да поминат на седница на Владата.  Со примената на Законот за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава,  граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство. Во Велес денеска се одржа панел …

Continue Reading

Безживотно тело на 44-годишен маж најдено покрај река во Хрватска

Безживотно тело на 44-годишен маж е пронајдено денеска попладне покрај реката Босут во хрватскиот град Винковци. Телото било пронајдено околу 15:35 часот од полициски службеници, по што на местото на настанот бил извршен увид по налог на надлежното државно обвинителство, со стручна помош од судски лекар. Според првичните наоди од увидот, не се утврдени елементи што упатуваат на сторено кривично …

Continue Reading