Обвинителството во Црна Гора одреди 72-часовно задржување за Македонката која со автомобил усмрти куче


kuce-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.


Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил во близина на Булеварот „Теута“, каде што осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, прегазила домашно куче од расата шарпланинец. Животното, кое било во сопственост на локален жител, угинало како последица на повредите.

Обвинителството информира дека истрагата продолжува, а надлежните органи работат на целосно утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK