Безживотно тело на 44-годишен маж најдено покрај река во Хрватска


hrvatska.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Безживотно тело на 44-годишен маж е пронајдено денеска попладне покрај реката Босут во хрватскиот град Винковци.


Телото било пронајдено околу 15:35 часот од полициски службеници, по што на местото на настанот бил извршен увид по налог на надлежното државно обвинителство, со стручна помош од судски лекар.

Според првичните наоди од увидот, не се утврдени елементи што упатуваат на сторено кривично дело.

Во текот на постапката е утврден идентитетот на починатиот, а станува збор за 44-годишен жител на Винковци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK