Горивата од утре поскапи: Дизелот за 4,5, a бензините за 3 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во …
Continue Reading
Три дена нема бактерии во водата во Гостивар, но се’ уште не е за пиење
Водата во Гостивар од денеска може да се користи за технички потреби, како капење, перење, миење садови и одржување на домаќинството, но и понатаму не е дозволена за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одлуката е донесена по повеќекратни анализи на квалитетот на водата, кои покажале дека таа повеќе не е загадена со фекалии. …
Continue Reading
Неколку членови на екипажот почувствувале мачнина, авион од Рим принудно слета
Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Рим кон Филаделфија, принудно слетал во Даблин откако неколку членови на екипажот почувствувале мачнина и вртоглавица. Од авиокомпанијата соопштиле дека во кабината бил забележан необичен мирис, но засега не е утврдено од што потекнувал. Според неофицијални информации, здравствени тегоби почувствувале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж. Авионот безбедно слетал во ирската престолнина, …
Continue Reading
Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини
Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна вредност изнесува 1.048.509 денари. Средствата …
Continue Reading
„Роџерс и Палмер можат да играат заедно“
Менаџерот на Челзи, Чаби Алонсо, изјави дека веќе има идеја како да го вклопи рекордното засилување Морган Роџерс со Кол Палмер, еден од најдобрите играчи на лондонскиот клуб. Роџерс стана најскапиот британски фудбалер во историјата минатата недела откако се пресели од Астон Вила на Стемфорд Бриџ за 117 милиони фунти. 24-годишниот играч од средниот ред моментално е на одмор откако …
Continue Reading
Златеска: Владата реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на …
Continue Reading
Струмичанец подметнал пожар на трактор и автомобил
Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица. Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари …
Continue Reading
Елена Мицковска избрана во највисокото раководно тело на Светската федерација на училишен спорт
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација, соопшти Федерацијата на училишен спорт на Македонија. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, од …
Continue Reading
МЗ: До 26 јули во Гостивар извршени 4.197 први прегледи, поднесени 833 пријави за заразна болест
Министерството за здравство објави ажурирани податоци за бројот на пациенти кои првпат побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, со пресек заклучно со 26 јули. Според објавените информации, од 14 до 26 јули се реализирани вкупно 4.197 први прегледи, од кои 2.351 во Општата болница и 1.846 во Здравствениот дом. Најголем број прегледи биле регистрирани на …
Continue Reading