Млад штипјанец паднал од прозорец на „ауди“ во движење
Дваесет и едногодишен штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење. Несреќата се случила околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Автомобилот „ауди“ со штипски регистарски ознаки го управувал 22-годишниот Б.С. од Штип. Повредениот Н.А. (21) бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што му …
Continue Reading
Жена со четирицикл се превртела на патот кон Пелистер
Четириесет и едногодишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди откако изгубила контрола над четирицикл и се превртела на регионалниот пат Битола – Пелистер. Сообраќајната незгода се случила на 26 јули околу 14:45 часот. Повредената била пренесена во болницата во Битола, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.
Continue Reading
Словенец заврши во притвор во Охрид откако ја нападнал својата девојка
Дваесет и осумгодишен државјанин на Словенија е приведен и му е одреден осумдневен притвор поради сомнение дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка во Охрид. Полицијата го провела на 26 јули околу 6:30 часот, постапувајќи по пријава дека во станот каде што престојувале во Охрид агресивно се однесувал и ја нападнал девојката. По постапка пред Основниот суд во Охрид, на …
Continue Reading
Малолетник со нерегистриран мопед без возачка дозвола учествувал во сообраќајка
Шеснаесетгодишен малолетник од Гостивар бил приведен откако управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во неделата околу 23 часот на улицата „Браќа Блажевски“ во Гостивар. Од полицијата информираат дека мопедот му бил одземен, а по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна …
Continue Reading
Скопјанец нападнат од тинејџер на бензинска пумпа во Чаир
Педесет и осумгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од 17-годишник на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир. Инцидентот се случил на 26 јули околу 21:05 часот, по претходно недоразбирање меѓу двајцата. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Continue Reading
Сметките за парно во Скопје повисоки за 140 денари од 1 август
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е …
Continue Reading
Интер бара 70 милиони евра за Бастони
Реал Мадрид не се откажа од Алесандро Бастони, но Интер нема намера да го пушти за помалку од 70 милиони евра. Како што објави „АС“, Жозе Мурињо сака уште еден врвен стопер, иако клубот веќе имаше многу активно лето и ги донесе Ибрахима Конате, Марко Кукурељо и Дензел Дамфрис. Португалецот врши голема реконструкција на одбраната, а Бастони наводно е профилот …
Continue Reading
Министерот Шасивари и Нотарската комора разговараа за измени на Законот за нотаријат и дигитализација на услугите
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. Министерството за правда останува посветено на …
Continue Reading
Тошковски е против Армија кај водоводите: Тоа не е работа на војската, опозицијата, без хистерија, да се фокусира на доброто за граѓните
За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар. Тошковски денес соопшти дека водата во Гостивар е прочистена до степен да се користи како техничка, но не и за пиење и одговарајќи на новинарски прашања кажа зошто …
Continue Reading