Во Португалија запленети 2,6 тони кокаин вреден 500 милиони евра

Италијанската финансиска полиција денеска извести за заплена на повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, покрај португалскиот брег. Проценетата улична вредност на дрогата достигнува 500 милиони евра, објавува „Ројтерс“. Кокаинот е откриен на брз чамец, а уапсени се четири лица на бродот. Станува збор за двајца Шпанци, жител на Гибралтар и албански државјанин кој живее во Италија. Италијанската Guardia …

Continue Reading

Муцунски: Процесот на пристапување мора да остане еднаков за сите и заснован на заслуги

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија. „Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Северна Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна …

Continue Reading

Пирло нема да биде селектор на Италија

Андреа Пирло нема да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Неговото назначување беше суспендирано во последен момент од страна на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) поради комерцијалната соработка на Пиро со руската обложувалница Фонбет. Веста за прекин на преговорите го затекна тренерот синоќа во автобус, додека се враќаше од пријателски натпревар во Салцбург. Малдини и Леонардо, технички директор и советник …

Continue Reading

„Гоце Тодоровски не беше само еден од најдолговечните и најсакани членови на ансамблот, тој беше дел од идентитетот на Драмски театар“

Пензионираниот актер на Драмски театар Скопје, незаборавниот Цанде од „Солунски патрдии“ и еден од најпопуларните и најпрепознатливи македонски актери, почина на 75-годишна возраст. Од Драмски театар Скопје велат дека со неговото заминување, македонскиот театар, филм и телевизија загубија уметник чиј талент речиси половина век беше дел од колективната меморија на публиката. „Гоце Тодоровски не ја бараше наклонетоста на гледачите. Ја …

Continue Reading

Општина Аеродром денеска ќе ги испрати учесниците на 48. Илинденски коњички марш кон Крушево

Општина Аеродром денеска свечено ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои и оваа година ќе ја продолжат долгогодишната традиција во чест македонскиот национален празник – 2 Август – Илинден. Свечената церемонија ќе започне во 17:00 часот во паркот „Јане Сандански“, каде што градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на коњаниците ќе им го предаде знамето на …

Continue Reading

СДСМ: Четири дена молк кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар

Четири дена откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар?, прашуваат од СДСМ и го обвинија …

Continue Reading

ЈП „Комуналец“ Гостивар: Нема основа целиот проект за водоснабдувањето да се прикажува како инвестиција без резултат

Во јавноста деновиве се отворија повеќе прашања за реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, . Од ЈП „Комуналец“ објавија соопштение во кое наведуваат дека оценката дека проектот во целина „пропаднал“ не може да се изведе без увид во одобрениот проектен опфат, договорите, изведените и тестираните работи, документацијата за примопредавање и причините поради кои одредени делови сè …

Continue Reading

Левица ќе гласа против ребалансот: „ДПМНЕ ги одби амандманите со кои можеше да се подобри буџетот“

Собранието денеска ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица најави дека ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи, како што велат, амандманската расправа покажала дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку го одбила речиси секој предлог што значел поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. …

Continue Reading

Роналдо и Крос: Грешка е да се платат 100 милиони евра за недокажан играч

Одлуката на Флорентино Перез и неговите блиски соработници, Реал Мадрид да издвои троцифрена милионска сума за потписот на 19-годишниот Јан Диоманде предизвика вистински фудбалски земјотрес. Младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска го воодушеви светот со брилијантните настапи на неодамна завршеното Светско првенство и одличната сезона во Лајпциг, но сумата што надминува 100 милиони евра ја подели и јавноста, како …

Continue Reading