Струмичанец подметнал пожар на трактор и автомобил


lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица.


Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“.

На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите биле изгаснати, а повредени лица нема.

В.К. бил уапсен и задржан во просториите на Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK