Сити не го пушта Фил Фоден

Манчестер Сити ја продолжи соработката со Фил Фоден до 2030 година. Фоден не блескаше на теренот оваа сезона, но и во наредниот период ќе биде член на тимот од Етихад, со кој постигна неверојатени успеси. Оваа сезона, англискиот репрезентативец најчесто влегуваше во игра од клупата, но успеа да постигне седум гола и да додаде три асистенции. Во сезоната 2023/24, Фоден …

Continue Reading

Иран до Европа: „Можеме да ги погодиме вашите воени бази“

Иранскиот корпус на револуционерната гарда започна нов бран напади врз бродови во Ормускиот теснец и цели во Обединетите Арапски Емирати, додека иранските сили се заканија дека европските воени бази би можеле да станат легитимни цели. Техеран, исто така, издаде своја навигациска карта на теснецот, предупредувајќи ги бродовите на американската морнарица и танкерите за нафта да ги следат новите упатства, објави …

Continue Reading

Божиновска: Градиме енергетски систем што нуди стабилност, доверба и одржливост

Со порака дека енергетската транзиција повеќе не е план, туку активен процес со конкретни резултати и мерливи цели, денес во Владата се одржа состанок на Секторската работна група за енергетика, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На состанокот присуствуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија, УНДП, Светска банка, амбасади, клучни институции од енергетскиот сектор, како и …

Continue Reading

ЕУ е подготвена за секакво сценарио: Фон дер Лајен одговори на заканата на Трамп за царини за автомобили

Европската унија е „подготвена за секакво сценарио“ доколку Доналд Трамп еднострано ги зголеми царините за европските автомобили, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Нејзината реакција доаѓа откако американскиот претседател одеднаш се закани дека ќе ги зголеми царините од 15 на 25 проценти минатата недела, тврдејќи дека ЕУ не се придржува до постојниот договор, пишува Euronews. „Договорот е …

Continue Reading

„Заслепен е од забавите во Дубаи“ – Мицкоски по изјавите на Филипче дека Бугарија не ни го негира идентитетот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој вели дека не гледа каде Бугарија го негира македонскиот идентитет, иако свесни сме, гледаме и чувствуваме како тоа влијае на нас, изјави: „Па видете, претпоставувам дека претседателот на СДСМ сè уште ужива во оние забави во Дубаи, под импресија на …

Continue Reading

Русија: ЕУ не е неутрална и не може да биде посредник во преговорите за Украина

Русија не ја гледа Европската Унија (ЕУ) како потенцијален посредник во преговорите за Украина, бидејќи стана директен учесник во конфликтот, изјави денес амбасадорот за специјални наредби на Министерството за надворешни работи на Русија, Родион Мирошник. „Европската Унија вложи многу труд за да избегне да се смета за неутрална страна во кој било капацитет, што е основен услов за посредување во …

Continue Reading

СДСМ: Скандалот со обезбедувачот на Мицкоски е нова причина за оставка од Тошковски

СДСМ денеска побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по случајот со припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој заврши во притвор под сомнение за семејно насилство. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека станува збор за уште еден скандалозен случај кој, според неа, ја покажува состојбата во безбедносниот систем.  „Обезбедувањето …

Continue Reading

Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“: Наместо зелени површини, жителите на градот добиваат бетон

Во подножјето на Националниот парк Галичица, во некогаш зелениот појас на Бејбунар, богат со подземни води, забрзано се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради, една до друга, без каков било простор за урбано зеленило, или да се зачува барем она што останало, реагираат од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“. „Деновиве, дел од просторот каде се наоѓаше …

Continue Reading

Хоџа – Пацоли: разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на заштитата на животната средина и управувањето со водните ресурси

Во рамки на 5-тиот Меѓународен форум за води во Истанбул, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари билатерална средба со министерката за животна средина на Република Косово, Фиторе Пацоли. На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на заштитата на животната средина и управувањето со водните ресурси, како и за заеднички пристап кон регионалните …

Continue Reading