По повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на Св. Јоаким Осоговски – патрон и заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува голем музички спектакл на Градскиот стадион.
На 29 август, на една сцена ќе настапат три големи музички имиња – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар – во вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции, врвна енергија и атмосфера за паметење.
Музичката вечер ќе ја отвори Слаткар со својот препознатлив современ звук и енергија. Потоа следува настапот на балканската музичка икона Лепа Брена, а големата вечер ќе ја заокружи Ацо Пејовиќ.
„На 29 август Крива Паланка ќе биде место на празнично заедништво, музика и незаборавни емоции. Ги поканувам граѓаните од цела Македонија и нашите пријатели од регионот да бидат дел од оваа голема вечер. Да го исполниме Градскиот стадион и заедно да создадеме спомени што ќе останат. На 29 август, сите патишта водат кон Крива Паланка!“, повика градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.