(Видео) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити

„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој оцени дека за случајот не била доволно испитана одговорноста на сите инволвирани. „Казни добија само поранешните …

Continue Reading

Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД

Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање …

Continue Reading

(Видео) Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа, тотална неспособност на Клековски и Мицкоски

СДСМ обвини дека власта задоцнето реагира на здравствената криза со западнонилската треска и дека институциите немаат капацитет навреме да го заштитат здравјето на граѓаните. На прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ги поврза актуелната епидемија од западнонилската треска со кризата со водата во Гостивар, оценувајќи дека заедничко за двата случаи е, како што рече, доцнењето на реакцијата …

Continue Reading

(Видео) Штерјова: Пет години лаги за модуларната, ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Филипче

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски пет години ја користат трагедијата во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка со претседателот на партијата, Венко Филипче. На прес-конференција, Кети Штерјова рече дека Филипче и СДСМ не се мешале во работата на Јавното обвинителство и не вршеле притисок врз институциите, бидејќи, како што посочи, постапките мора да се водат независно. „Модуларните …

Continue Reading

(Видео) Две лица загинаа во силното невреме што го погоди Балтикот, над половина милион домаќинства без струја

Најмалку две лица загинаа, а стотици илјади домаќинства останаа без електрична енергија откако силно невреме проследено со поројни дождови го погоди Балтичкиот регион. Во Литванија, спасувачките екипи го извлекле телото на маж под паднато дрво во селото Мазионис. Втор маж загинал откако врз него паднале делови од зграда во латвискиот град Јелгава. Неколку лица се повредени и хоспитализирани. Sestdienas vakarā …

Continue Reading

Ангелов: За малку ќе отидеше цело Бонче, доброволните пожарникари го спасија селото

Драма се одвивала рано утрово над селото Бонче, каде што пожарот со голема брзина се движел по падината, со пламен висок и до четири метри. Благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот не стигнал до селото. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, изрази благодарност до пожарникарите, посочувајќи дека …

Continue Reading

Ирански хакери првпат успеале да исклучат британска електрана, објектот бил надвор од функција четири дена

Хакери поврзани со иранските власти успеале да предизвикаат прекин на работата на британска електрана, што се смета за прв ваков случај во Велика Британија и најуспешен сајбер напад од овој тип поврзан со Техеран. Според „Дејли телеграф“, нападот се случил минатиот месец, во период кога биле регистрирани и серија сајбер напади врз американската водоводна инфраструктура во 12 сојузни држави. Британските …

Continue Reading

(Видео) Директор на супермаркет под истрага по смртоносниот руски напад во Криви Рих

Украинската полиција покрена кривична постапка против директорот на супермаркет кој се наоѓа во склоп на трговски центар во Криви Рих, по смртоносниот руски напад со дронови во кој загинаа најмалку 16 лица, а 130 беа повредени, меѓу кои и 23 деца. Украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вихивски потврди дека директорот се истражува поради сомнение за немарност, бидејќи супермаркетот, наводно, …

Continue Reading

СДСМ: Владата има пари за авион – нема за плати

Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните, велат од СДСМ. „Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на …

Continue Reading