(Видео) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити


lefkov-23.08.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.


Тој оцени дека за случајот не била доволно испитана одговорноста на сите инволвирани.

„Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна. Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, Венко Филипче, обвинителството, замислете вели, не бил виновен. И ова по пет години го кажува обвинителот кој цел мандат им служи само на СДС и ДУИ“, кажа Лефков.

Според него, за модуларните болници немало соодветен надзор, ниту одобренија од општините и надлежното министерство, односно биле поставувани спротивно на процедурите предвидени со Законот за градење.

„Иако здравствената криза, Филипче во тој момент мислел само на профитот, а не на човечките животи. За ова говори и фактот што тој склучил и анекс на договор со фирмата која ги поставувала модуларните болници и ја зголемил цената за 20%. Во ваков контекст и покрај зборот на обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, јавноста треба да знае дека во случај на нови докази постапка за истото дело може да има повторно. Сега, пак граѓаните треба да слушнат образложение од Абази зошто го штити Фичипче? Исто така и зошто Филипче ја зголемил цената на модуларните, каде завршле овие пари?“, рече Лефков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK