Србин фатен со дупло поголема брзина од дозволената,по еден месец пак го повторил делото

Српски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека во два наврати летово бил регистриран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Како што информира МВР, вчера (29.08.2026) во 23:20 часот, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П. (34) од Република Србија. При проверка на возило „Шкода“ со …

Continue Reading

(Видео) Армиски хеликоптер три часа гаснеше пожар на Пелистер, истурени 28 тони вода

Воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска беше ангажиран во гаснењето на шумскиот пожар во месноста Макази, на падините на Националниот парк „Пелистер“, во реонот на Општина Ресен. Како што информираат од Армијата , хеликоптер Ми-8МТ реализирал тричасовен налет, при што биле исфрлени 14 противпожарни ведра, односно вкупно 28 тони вода врз активните жаришта. Гаснењето од воздух се одвивало со истовремена поддршка …

Continue Reading

ДЗС со детали за автобусот на ЈСП кој се запали на Средно Водно, огнот го гаселе 7 пожарникари

Автобус на ЈСП „Скопје“, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, денеска бил зафатен од пожар на видиковецот на Средно Водно. Од Дирекцијата за заштита и спасување објавија детали за интервенцијата. Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита. Благодарение на брзата и присебна реакција на возачот, автобусот бил паркиран …

Continue Reading

Се запали автомобил на крстосницата кај Мавровка

Автомобил се запали денеска на семафорите на крстосницата кај „Мавровка“. По интервенција на пожарникарите, пожарот е изгаснат, а на местото е присутна полиција. Засега нема детали за пожарот и за евентуално повредени лица.

Continue Reading

Екипите на Општина Центар и викендов на терен, се расчистува отпадот

Екипите на Општина Центар и овој викенд беа на терен. На повеќе локации низ општината се расчистуваа диви депонии и наталожен отпад, а паралелно се работи и на санација на проблемите на јавните површини. Општина Центар ја започна и есенската офанзива, во рамки на која општинските служби ги обиколуваат маалата и урбаните заедници и пристапуваат кон решавање на проблемите на …

Continue Reading

Возачот на ЈСП спречил поголем пожар на Водно, го однел автобусот на безбедно за да не се запали шумата

Нови детали за пожарот на двокатниот автобус на ЈСП кај Видиковецот на Водно покажуваат дека брзата и совесна реакција на возачот спречила огнот да се прошири кон околната вегетација. Според информациите, пожарот започнал откако се запалила електричната инсталација на автобусот. Нема повредени лица во пожарот што избувна денеска во автобус на ЈСП „Скопје“  без патници, кој сообраќал на Средно Водно. …

Continue Reading

Штерјова: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Кирановиќ за величењето на Младиќ, што е следно?

Мицкоски го штити својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Далибор Китановиќ, вели Кети Штерјова од СДСМ. „Од никого не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор, да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко …

Continue Reading

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти

СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во оваа прилика да му објасниме и на Филипче и на неговиот другар Зоран …

Continue Reading

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран 35 минути по полноќ во јужниот дел на Албанија. Епицентарот на потресот бил на шест километри северо-западно од познатото приморско гратче Химара, на длабочина од пет километри и е почувствуван и во соседните градови. Освен вознемиреност кај жителите и туристите, нема информации за предизвикана материјална штета.

Continue Reading