Нови протести во Париз пред обраќањето на Макрон, младите велат: „Ништо не може да нè смири“

По мирното утро, улиците на Париз повторно се исполнија со демонстранти, а тензиите растат во пресрет на вечерното обраќање на францускиот претседател Емануел Макрон. Меѓу демонстрантите владее гнев сличен на оној од синоќа, додека незадоволство од состојбата во градот изразуваат и бројни граѓани кои не учествуваат во протестите. Младите учесници на протестите не веруваат дека претседателот Макрон може да ги …

Continue Reading

Маѓар го обвини Орбан дека зборувал за вооружен бунт и насилна промена на уставниот поредок

Лидерот на опозициската партија Фидес, Виктор Орбан, низ смеа зборувал за вооружен бунт и насилна промена на уставниот поредок, обвини денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар, оценувајќи дека станува збор за едно од најтешките кривични дела против државата. Маѓар во објава на социјалната мрежа Икс наведе дека унгарскиот Кривичен законик предвидува затворска казна од пет до 20 години за насилна промена …

Continue Reading

САД ја обновија разузнавачката соработка со Украина по тридневен прекин, Зеленски предупредува на опасноста од руските балистички ракети

Соединетите Американски Држави ја обновија размената на разузнавачки информации со Украина по тридневен прекин, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека соработката е од клучно значење за одбраната на земјата од руските напади. Прекинот, според Зеленски, ја оставил Украина без важни информации за претстојните руски напади, особено за употребата на балистички ракети, за чие навремено откривање Вашингтон располага со специфични …

Continue Reading

Француската влада на кризни состаноци по насилните немири, Макрон порача: „Нема место за насилство“

Француската влада денеска одржа серија кризни состаноци по еден од најнасилните денови на немири во земјата во последните години, откако демонстранти упаѓаа во државни институции и ги палеа, поставуваа барикади на патиштата, кршеа автобуски постојки и провалуваа во продавници. Политичари од левицата и од крајната десница побараа оставка од министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, сметајќи дека размерите на насилството …

Continue Reading

(Видео) Протестите поради високите трошоци за живот се шират низ Европа

Бранот протести поради растот на трошоците за живот, високите кирии и социјалната нееднаквост, кој во изминатите недели ја зафати Шпанија и Франција, се прошири и во Италија и Португалија. Во Милано избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, во Лисабон беше подигнато шаторско населено место, додека во Албанија протестите поради условите на универзитетите и високите школарини прераснаа во насилни инциденти. Во …

Continue Reading

Турција ќе набавува дизел според договорот меѓу САД и Русија

Турција планира да набавува дизел во рамките на контроверзниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Русија, најави денеска турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар, објави германскиот весник „Ханделсблат“. Бајрактар во интервју за телевизијата „Канал 7“ изјави дека договорот меѓу САД и Русија е важен за енергетската безбедност на Турција. „Со американскиот претседател Доналд Трамп е постигнат договор за дизел. Врз …

Continue Reading

Дрон се урна во Литванија

Дрон, кој најверојатно влегол во воздушниот простор на Литванија од соседна Полска, се урна во северниот дел на оваа членка на Европската Унија и НАТО, соопшти денеска литванскиот министер за одбрана Робертас Каунас. Остатоците од леталото оштетиле патнички автомобил, но нема повредени, изјави шефот на Националниот центар за управување со кризни ситуации, Вилмантас Виткаускас. Засега не е познато дали дронот …

Continue Reading

(Видео) Најмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија и пожар во канадска воена база

Најмалку седум лица загинале, а десетици се повредени во тешка несреќа во канадската воена база Вејнрајт, по експлозија и пожар што избиле вчера попладне. Локалните болници се соочуваат со голем притисок поради бројот на повредени, а во тек е обемна операција на итните служби за згрижување на настраданите. Според информации од воени извори, експлозијата се случила околу 16 часот по …

Continue Reading

(Видео) ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот е 31,17 отсто, поднесени седум приговори

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот изнесува 31,17 отсто, а своето право на глас го оствариле 5.064 граѓани запишани во избирачкиот список, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска Алексовска. Според податоците од сите 24 избирачки места во општината, гласањето се одвива непречено, без забележани потешкотии, соопшти Тодоровска Алексовска на прес-конференција. Во …

Continue Reading