Маѓар го обвини Орбан дека зборувал за вооружен бунт и насилна промена на уставниот поредок


magjar-14280122.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на опозициската партија Фидес, Виктор Орбан, низ смеа зборувал за вооружен бунт и насилна промена на уставниот поредок, обвини денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар, оценувајќи дека станува збор за едно од најтешките кривични дела против државата.


Маѓар во објава на социјалната мрежа Икс наведе дека унгарскиот Кривичен законик предвидува затворска казна од пет до 20 години за насилна промена на уставниот поредок, додека за одредени дејствија насочени кон таква промена е предвидена и доживотна казна затвор.

Според Маѓар, казна затвор од една до пет години е предвидена и за подготовка на насилна промена на уставниот поредок.

Како доказ за своите тврдења, Маѓар објави видеоснимка од Орбан, на која унгарскиот политичар одговара на новинарско прашање за „националниот отпор“ што претходно го застапувал. Разговорот се одвивал за време на собир на Дигиталните граѓански кругови во Лакителек, во југоисточна Унгарија.

„Нашата земја сè уште не е во позиција да го направи тоа. Веќе сме подготвени. Веќе би можеле да ги поделиме соодветните средства, одредувајќи кој што ќе добие. Нешто потапо или нешто поостро. Но, тоа не е прашањето“, рекол Орбан во снимката.

Маѓар ја протолкува изјавата како зборување за вооружен бунт и насилна промена на уставниот поредок, поврзувајќи ја со одредбите од унгарското кривично законодавство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK