(Фото+видео) Украина со над 1.000 дронови ја нападна Русија, пожар во нафтен терминал во Санкт Петербург, има загинати и повредени
Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа пожар во терминал за извоз на нафта во Санкт Петербург, додека Киев истовремено лансирал повеќе од 1.000 дронови кон различни делови на Русија, во еден од најмасовните воздушни напади од почетокот на војната. Нападите се случуваат во услови на зголемени тензии меѓу Украина и Вашингтон, откако американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше Киев поради …
Continue Reading
Европскиот парламент следната недела ќе расправа за руските хибридни напади, Меѓународниот кривичен суд и односите со Велика Британија
Европскиот парламент следната недела во Стразбур ќе ја одржи втората октомвриска пленарна седница, на која европратениците, меѓу другото, ќе расправаат за руските хибридни напади, поддршката за Меѓународниот кривичен суд и односите со Велика Британија и Канада. Европратениците задутре ќе расправаат за руските упади и нападите со беспилотни летала на територијата на Европската Унија, особено врз бродови во Црното Море. Во …
Continue Reading
Папата Лав XIV се појави во јавноста по операцијата на рак на белите дробови: „Ова искуство ме приближи до сите што страдаат“
Папата Лав XIV за првпат ѝ се обрати на јавноста по операцијата на рак на белите дробови, порачувајќи дека искуството со болеста го приближило до сите луѓе што страдаат. 71-годишниот папа ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата, од истото место од кое пред една недела соопшти дека мора да биде опериран. На плоштадот „Свети Петар“ …
Continue Reading
Насилни протести во Италија против високите трошоци за живот, повредени полицајци и демонстранти
Мирните протести против високите трошоци за живот во Италија прераснаа во насилни судири, слично како и во соседна Франција, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. Најголемиот протест се одржал во Милано, каде што маскирани млади лица облечени во црно, на централниот плоштад Дуомо, фрлале пиротехнички средства кон полицијата и подигнувале барикади. Полицијата во почетокот била принудена да се повлече и да …
Continue Reading
Епидемијата на ебола во Конго се прошири во осмата провинција, над 4.000 починати
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се прошири во осмата провинција, Северен Убанги, која се граничи со Централноафриканската Република, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Конго. Ројтерс во четвртокот објави дека во Северен Убанги биле потврдени два случаи на ебола, повикувајќи се на двајца здравствени претставници. Според податоците на здравствените власти, бројот на потврдени случаи на ебола во …
Continue Reading
Уапсени над 1.800 лица, повредени повеќе од 500 полицајци и пожарникари во протестите низ Франција
Повеќе од 1.800 лица се уапсени, а над 500 припадници на безбедносните сили и пожарникари се повредени за време на протестите проследени со насилство и немири што се одржаа во саботата низ Франција, соопштија француските власти. „Демонстрациите се основно право. Предизвикувањето немири со насилство и на организиран начин не е“, напиша францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез на социјалната …
Continue Reading
Трамп разгледува обновување на испораките на руски гас во Европа како дел од мировен план за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста Европа повторно да започне да купува руски гас како дел од планот за решавање на конфликтот во Украина, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори. Според весникот, предлогот е еден од клучните елементи на сеопфатниот план на администрацијата на Трамп за воспоставување мир во Украина и би можел значително да ја …
Continue Reading
Во Брвеница до 11 часот гласале 1.480 граѓани
На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот излезноста изнесува 9,11 проценти, односно гласале 1.480 избирачи. Податоците ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, кој денеска заедно со уште четворица членови на Комисијата обиколи шест избирачки места. Според Маричиќ, гласањето се одвива непречено, без посериозни проблеми. Избирачките места биле отворени навреме, во 7 часот, …
Continue Reading
Египет ќе ѝ пружи одбранбена помош на Саудиска Арабија доколку Ријад побара
Египет ќе ѝ ја обезбеди на Саудиска Арабија сета неопходна и можна поддршка за одбрана на нејзината безбедност и стабилност, соопшти денеска египетското претседателство. Во соопштението се наведува дека Египет ќе продолжи и ќе ги интензивира политичките и дипломатските напори, во координација со регионалните и меѓународните актери, со цел да придонесе за смирување на тензиите и решавање на кризата. …
Continue Reading