Велика Британија испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар

Велика Британија ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот, потврди премиерот Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар. Тој објави дека Лондон ќе испрати хеликоптери со капацитети против беспилотни летала и воениот брод HMS Dragon на Кипар, објави SkyNews. „Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер. Одлуката следи по претходниот извештај дека …

Continue Reading

Зеленски им нуди размена на оружје на американските сојузници на Блискиот Исток

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им понуди размена на оружје на американските сојузници на Блискиот Исток. Тој потврди дека, во замена за некои од нивните ракети за воздушна одбрана, е подготвен да им испрати украински напредни пресретнувачи на беспилотни летала, за да можат тие земји подобро да се заштитат од иранските напади со беспилотни летала. Нападите на Израел и САД врз …

Continue Reading

Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до крајот на сезоната

Клубовите, сопственици на Евролигата, на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од подрачјата зафатени со воените дејствија, да бидат преместени на безбедини локации и таму да г играат натпреварите како домаќини. Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати. Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи …

Continue Reading

(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија. Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски. default Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост. „Фактот дека вториот човек …

Continue Reading

Нетанјаху: Продолжуваме жестоко да го напаѓаме Иран

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека Израел ќе продолжи жестоко да го напаѓа Иран и дека ќе одговори со уште поголема сила против проиранското движење Хезболах во Либан. „Продолжуваме жестоко да го напаѓаме Иран. Нашите пилоти летаат над Иран и Техеран, како и над Либан. Хезболах направи огромна грешка со тоа што нè нападна. Веќе одговоривме со сила и …

Continue Reading

Израел ја нападна зградата каде што се избира новиот ајатолах

Зградата каде што се состануваат иранските функционери кои ќе одлучуваат за новиот врховен водач на земјата е уништена во воздушни напади, објавија државните новински агенции. Таканареченото Собрание на експерти, кое има згради во Техеран и јужно од главниот град во градот Ком, е составено од членови кои се вклучени во одлучувањето кој ќе ја преземе функцијата по атентатот врз ајатолахот …

Continue Reading

Виткоф: Иранците ни кажаа дека имаат доволно ураниум за 11 нуклеарни бомби

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, рече дека иранските преговарачи нему и на зетот на Трамп, Џаред Кушнер, „директно и без никаков срам“ им кажале дека контролираат 460 килограми ураниум збогатен до 60 проценти и дека се свесни дека тоа може да произведе 11 нуклеарни бомби. Тој додаде дека Иранците се горди на фактот што успеале да ги …

Continue Reading

Лавров: Агресијата против Иран може да ја принуди земјата да развие нуклеарно оружје

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека агресијата против Иран може да ја принуди таа земја да развие нуклеарно оружје. „Војна започната против Иран може да ги охрабри не само Техеран, туку и другите земји да развијат нуклеарно оружје“, рече Лавров на прес-конференција. Тој додаде дека „такви чувства брзо би можеле да се појават во арапските земји што …

Continue Reading