Александар Серлот од наредната сезона ќе го предводи нападот на Јувентус, тврдат бројни релевантни извори од Италија.
Норвежанецот ги договорил личните услови со Јувентус и чека финализирање на преговорите меѓу клубовите.
Се шпекулира дека Атлетико бара 30.000.000 евра за неговиот трансфер, додека планот на Јувентус е да го намали обесштетувањето.
Во текот на изминатата сезона, Серлот постигна 20 гола во сите натпреварувања, беше златен џокер од клупата и не беше стандарден. Иако и Антоан Гризман си замина, Диего Симеоне е подготвен да се откаже и од Серлот, кој не крие дека не сака да му биде резерва на Хулијан Алварез.
Серлот е практично замена за Душан Влаховиќ, кој ќе го напушти Торино како слободен играч.
Норвежанецот пристигна во Атлетико во летото 2024 година од Виљареал за 32.000.000 евра, постигна 44 гола и запиша три асистенции во 107 натпревари за „јорганџиите“.
Foto/ Depositphotos