Папата Лав XIV денеска служеше миса на отворено во Мадрид, на која присуствуваа околу 1,2 милиони луѓе, според официјални податоци, објација шпанските медиуми.
Настанот на плоштадот де Сибелес во центарот на Мадрид привлече најголем број верници што се собрале да присуствуваат на една од мисите на папата Лав откако Американецот беше избран за папа минатата година.
„Верата не смее да остане приватна работа, туку мора да биде видлива во секојдневниот живот и општеството,“, им порача на верниците.
Истовремено, папата ја нагласи социјалната димензија, велејќи дека Христос се поистоветува „со сиромашните, потиснатите, осамените и заборавените“.
На почетокот од своето еднонеделно патување, Лав во саботата зазеде став против сè посилните популистички настојувања ширум светот и влошената политичка и општествена клима.
„Наместо да се намалува, денес се зголемува искушението за поттикнување поларизација; и понатаму се крши човечкото достоинство,“ наведе во говорот.
Лав повика на прифаќање на сложеноста на светот како негово збогатување, а не на потпирање на оружје и ѕидови, и го промовираше образованието како клучно за заменување на омразата со дијалог и помирување.
Повторувајќи ја својата клучна порака во неделата, Лав нагласи: „Никој не може да клекне пред Господ и да го мрази својот брат.“