(Видео) Немири во Париз по протестите, маскирани лица кршеа излози на автосалон

Немири избувнаа во Париз на крајот од денешните протести, кога групи маскирани млади лица почнаа да кршат излози на автосалони на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Интервентната полиција со палки се обидувала да ги растера групите, а на улиците биле употребени и водени топови и солзавец, поради што воздухот бил исполнет со густ чад. Протестите претходно минувале мирно, а …

Continue Reading

Американските разузнавачи предупредуваат за планови на Иран за напади врз американски дипломати

Американските разузнавачки служби проценуваат дека Иран значително ги интензивирал подготовките за напади врз американски дипломати и функционери на Блискиот Исток, но и надвор од регионот. Според меморандум испратен до американскиот државен секретар Марко Рубио, плановите за смртоносни напади се во „напредна фаза“, објави „Аксиос“. Поради зголемените безбедносни ризици, Стејт департментот ја намалува бројноста на персоналот во неколку американски дипломатски претставништва …

Continue Reading

(Фото) Есен во Скопје

Скопје во есенско руво, со пејзажи обоени во жолти, портокалови и црвени нијанси, е во фокусот на објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи. Преку фотографии од централното градско подрачје, плоштадот и Градскиот парк, Ѓорѓиевски ја долови есенската атмосфера во главниот град. „Во боите на есента, Скопје блеска со сета своја убавина!“, напиша Ѓорѓиевски. Есенските пејзажи му даваат поинаков …

Continue Reading

(Видео) Украински дронови погодија петрохемиска фабрика во Омск, избувна голем пожар

Украински дронови во саботата нападнале петрохемиска фабрика во рускиот град Омск, предизвикувајќи голем пожар во индустрискиот комплекс, објави „Украинска правда“. Постројката се наоѓа на околу 2.500 километри од украинската граница. Снимка од нападот објави украинската ОСИНТ-заедница „Ексиленова плус“, а инцидентот го потврдил и гувернерот на Омската област, Виталиј Хоценко. Според првичните информации на воените аналитичари, погодени биле делови во близина …

Continue Reading

(Видео) Сoлзавец и водени топови на протестите во Франција, шестмина уапсени во Нант

Протестите во Франција се проширија во повеќе градови, каде полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Во Нант се уапсени шест лица по пријави за вандализам и грабежи, додека во Бордо дел од демонстрантите фрлале предмети кон полицајците и поставувале барикади. Префектурата на регионот Пај де ла Лоар и департманот Лоар-Атлантик претходно силно им препорача на …

Continue Reading

(Видео) Арсенал го победи Евертон и се израмни со Сити на врвот на Премиер лигата

Арсенал го победи Евертон со 2:0 на „Емирати“ во осмото коло од англиската Премиер лига. Екипата на Микел Артета победи благодарение на головите Езри Конса, кој постигна гол во седмата минута, и Габриел Магаљаес, кој постигна гол во 68-та минута. Арсенал на тој начин стигна до 21 бод и се израмни со лидерот Манчестер Сити, кој загуби со 2:1 од …

Continue Reading

Трамп се закани дека ќе ги премести новинарите од Белата куќа: „Помалку ќе ме нервираат“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека би можел да ги премести новинарите кои ја следат работата на Белата куќа на друга локација, со што дополнително би можел да се заостри неговиот судир со медиумите околу известувањето и пристапот до претседателската администрација. „Можеби ќе ги преместам лажните медиуми на некоја локација каде што помалку ќе ме нервираат“, напиша Трамп во објава. …

Continue Reading

(Видео) Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Околу 1.200 Палестинци биле принудени да ги напуштат своите домови во Хеброн, на окупираниот Западен Брег, во операција на израелската војска, соопштија палестински претставници. Акцијата следува еден ден откако во палестински вооружен напад загинаа двајца израелски војници, а премиерот Бенјамин Нетанјаху најави операција од големи размери. Израелската војска соопшти дека операцијата во населбите Ал-Џаладa и Ајн Деир Баха, во близина …

Continue Reading

(Фото+видео) Радичевски очекува поголема поддршка во вториот круг, Мицкоски повика на единство

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, очекува поголема поддршка во вториот круг од локалните избори и победа, а најави дека со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски се реализираат повеќе проекти во општината. Радичевски денеска, заедно со Мицкоски, беше во теренска посета на населените места Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница. „Најнапред сакам да му се заблагодарам …

Continue Reading