(Видео) Немири во Париз по протестите, маскирани лица кршеа излози на автосалон


screenshot-2026-10-24-190152.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Немири избувнаа во Париз на крајот од денешните протести, кога групи маскирани млади лица почнаа да кршат излози на автосалони на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си.


Интервентната полиција со палки се обидувала да ги растера групите, а на улиците биле употребени и водени топови и солзавец, поради што воздухот бил исполнет со густ чад.

Протестите претходно минувале мирно, а повеќе од 100.000 луѓе марширале по траса оддалечена од центарот на француската престолнина.

Според француското Министерство за внатрешни работи, на денешните протести низ земјата учествувале вкупно 410.000 луѓе, од кои 110.000 во Париз. Бројките се пониски во споредба со минатата недела, кога, според официјалните податоци, на улиците излегле 550.000 демонстранти.

Синдикатот што ги организирал протестите, пак, проценува дека на собирите низ Франција учествувале околу 800.000 луѓе, од кои 250.000 во Париз.

Судири биле пријавени и во неколку други француски градови, меѓу кои Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK