Претрес во автокамп во Охрид: уапсен скопјанец, пронајдена дрога
Вчера во 23.45 часот, во автокамп на брегот на Охридското езеро во Охрид, лишен од слобода е 44-годишниот Л.Д. од Скопје. При претрес извршен по судска наредба во камп приколка која тој ја користел, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа една најлонска кеса, една пластична кутија со опојна дрога марихуана како и предмети со остатоци …
Continue Reading
Уапсен маж од Романија: возел со 163 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 80км/ч
Вчера во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 49-годишниот Х.В.С. од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со …
Continue Reading
„Крвава свадба“ во режија на Филип Петковски премиерно во Благоевград
На 7 септември, во Драматичниот театар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, премиерно ќе биде изведена претставата „Крвава свадба“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија, драматуршка адаптација и кореографија на македонскиот режисер и кореограф Филип Петковски. „Крвава свадба“ е приказна за трагична љубов, претворена во современ сценски ритуал кој ги спојува физичкиот и постдрамскиот театар, танцот и балканското фолклорно наследство – препознатливи …
Continue Reading
Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу надлежните министерства на Северна Македонија и Турција
Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, и Министерството за семејство и социјални услуги на Република Турција потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги. Документот го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, на Република Северна Македонија, Ѓоко Велковски и министерката за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир …
Continue Reading
„Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие“, прашува СДСМ
„Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош. Осум недели нема извештај за водата. Нема одговори. Нема одговорност. Осум недели институциите молчат“, велат од СДСМ. „Зошто не се објавува извештајот за водата? Што се крие од граѓаните? Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани …
Continue Reading
На „Тиквешки гроздобер“ уапсени двајца кавадарчани: при преглед пронајдена дрога и пари
Вчера во 20:50 часот за време на одржување на културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишија од слобода 42-годишениот Г.П. и 42-годишениот В.Ќ., двајцата од Кавадарци. При преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај В.Ќ. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, пари и телефон. По …
Continue Reading
Кинескиот претседател сака да испрати силна порака до Трамп: подготвува необичен потег за неговата посета на Америка
Кинескиот претседател Ши Џинпинг подготвува голема бизнис делегација што ќе го придружува на посетата на Вашингтон, соопштија два извори, што е невообичаен потег со оглед на американскиот скептицизам во врска со кинеските инвестиции и затегнатите односи на Пекинг со приватните компании. Ши ретко патува во странство со корпоративни директори, од кои многумина паднаа во немилост по регулаторните мерки на Пекинг …
Continue Reading
На украинските војници им е наредено да ги запрат борбите, Русија веднаш започна напад
Русија го нападна градот Камјанске во регионот Дњепропетровск во раните утрински часови, при што загинаа четири лица. Нападот се случи само неколку часа откако Украина еднострано прогласи привремен прекин на огнот пред пристигнувањето на американските претставници кои патуваат во Киев и Москва за да ги оживеат мировните преговори, објавува „Украинска правда“. Руски напади и покрај прекинот на огнот Според регионалниот …
Continue Reading
ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и сигурност
„Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа“, велат од Влен. „Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата …
Continue Reading