По Британија, и Полска го откажа концертот на Канје Вест поради контроверзии
Полска го откажа концертот на Канје Вест, неколку дена откако негов настап беше одложен и во Франција поради реакции за негови претходни антисемитски изјави и глорифицирање на нацизмот. Стадионот Śląski Stadium соопшти дека концертот закажан за 19 јуни нема да се одржи „од формални и правни причини“. Одлуката доаѓа и по чекорот на Британија да му забрани влез за фестивалски …
Continue Reading
Орландо и Феникс во плејофот
Орландо Меџик и Феникс Санс ќе играат во плејофот на НБА шампионатот по не толку интересните натпревари од плејофот, одиграни во ноќта помеѓу петок и сабота. Орландо го декласираше Шарлот со 121:90 и сега има следи серија против фаворизираниот Детроит, додека Феникс го победи Голден Стејт со 111:96, па во четвртфиналето од плејофот ќе се сретнат со Оклахома Сити Тандер. …
Continue Reading
СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за следење на опозицијата и, како што велат, фабрикување афери. Во соопштението се наведува дека станува збор за Black Cube, израелска приватна разузнавачка компанија, која СДСМ ја опишува како „приватен Мосад“, позната по „следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме СДСМ да расчисти со светот и да стане опозиција во Македонија
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Венко Филипче и СДСМ стануваат сѐ поарогантни и дека делуваат целосно отуѓени од реалноста, оценувајќи дека наместо да се занимаваат со состојбите во Македонија, се фокусираат на политички случувања во други држави. „Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во …
Continue Reading
ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции
Демократската унија за интеграција (ДУИ) алармира за сериозен пад на странските директни инвестиции во Македонија, повикувајќи на политичка одговорност од актуелната власт. Според партијата, во 2025 година инвестициите се намалиле за 61% во однос на претходната година, достигнувајќи вредност од 468 милиони евра, што го оценуваат како „еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата“. …
Continue Reading
Тензии во Ормускиот теснец: спротивставени позиции и глобална загриженост
Тензиите околу Ормуски теснец и понатаму се високи, додека светските лидери изнесуваат спротивставени ставови за решавање на кризата. Додека американскиот претседател Доналд Трамп најавува напредок во преговорите, Иран се заканува со затворање на овој клучен поморски правец доколку продолжи американската блокада. Во меѓувреме, европските сили подготвуваат меѓународна мисија за заштита на пловидбата. Трамп: Преговори за викенд, блокадата останува Американскиот претседател …
Continue Reading
Tрамп најавува објава на интересни НЛО-документи
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација пронашла низа многу интересни документи поврзани со НЛО, додавајќи дека првите записи наскоро ќе бидат објавени. „Морам да кажам дека најдовме многу, многу интересни документи и првите објавувања ќе започнат многу, многу скоро, за да можете да видите дали тој феномен е точен“, изјави Трамп пред поддржувачи на настан организиран од …
Continue Reading
Сончево време со температура до 25 степени
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви …
Continue Reading
Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата
Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс, во натпревар што заврши со резултат 1:1, беше доволен за тимот на Френк Лампард математички да обезбеди промоција воелитниот ранг на англискиот фудбал. „Херој на историската вечер беше Боби Томас, чиј гол со глава во 84-та минута донесе неопислива прослава …
Continue Reading