Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.
Местото е обезбедено од полицијата која го потврди случајот.
„Денеска (13.08.2026) околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“.